ПОВИК ЗА ПОНУДИ
Министерство за труд и социјална политика

Проект за условени парични надоместоци-УПН проект
(Кредит Бр. 7735-МК)
Реф.бр. МК/УПН # 2.4.
3



1. Овој повик за понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 766, од 16-ти јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 17-ти декември 2009  година. 

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) за спроведување на Проектот за условени парични надоместоци и дел од добиените средства ќе ги искористи за плаќања по договор за Градежно занатски работи за реновирање на центрите за социјална работа во Крушево, Демир Хисар, Прилеп, Штип, Битола, Гевгелија и Охрид.  

3. Министерството за труд и социјална политика ги повикува квалификуваните понудувачи да достават понуди за градежни работи кои вклучуваат  реновирање на центрите за социјална работа во Крушево, Демир Хисар, Прилеп, Штип, Битола, Гевгелија и Охрид.   

4. Процесот на набавка ќе се спроведе согласно набавниот метод  “Национален отворен тендер” опишан во упатството за набавки на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, мај 2004 година, ревидирано октомври 2006 година.

5. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од 08:30 до 16:30 часот на следнава адреса: Министерство за труд и социјална политика, Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Македонија, Тел: +389(0)23296-807, е-маил: sanja.andovska@mtsp.gov.mk.

6.Барани квалификации:

Финансиски критериуми: Минимален просечен годишен обрт од 2.000.000,00 Евра пресметан како примени исплати од договори кои се во тек или завршиле во последните три години.

Минималниот износ на ликвидни средства и/или кредитни средства нето од други  договорни обврски  од 250.000,00 Евра;   

Општо искуство: Најмалку два (2) успешно реализирани договори во последните 3 години за слични проекти -реконструкција на објекти, секој со вредност не помала од 700.000,00 Евра.

Лиценци :Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.

7.Заинтересираните понудувачи можат да купат тендерската документација  на македонски јазик  со поднесување на писмено барање на следнава е-маил адреса:  sanja.andovska@mtsp.gov.mk и по плаќањето на неповратна такса од  3.000,00 ден. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Единствена трезорска сметка број: 100 0000000630-95, корисник Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, сметка на буџетски корисник со број: 1500100299 631 69, приходна сметка 724125, програма 44, депонент Народна банка на Република Македонија.

Цел на дознака. Уплата на паушал за купување на тендерска документација МК УПН # 2.4.3 за МТСП 

8.Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 1.000.000,00 МКД.  

9. Понудите треба да се достават на адреса: Министерство за труд и социјална политика (архива на  приземје), ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Република Македонија, најдоцна до 11:00 часот на 22.01.2014 година. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.

10. Понудите ќе бидат отворени јавно во присуство на претставници на понудувачите кои ќе сакаат да присуствуваат на јавното отварање кое ќе се одржи 22.01.2014 година. во 11 часот на  следната адреса: Министерство за труд и социјална  политика, 4-ти кат, соба за конференции бр:1, ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Република Македонија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->