Проектот “Празна продавница-полно срце” продолжува
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претставници на Црвениот Крст-Битола денес на Широк Сокак во Битола го отворија штандот за облека наменет за социјално ранливи категории од заедничкиот проект “Празна продавница-полно срце”.
“Ги повикувам граѓаните од Општина Битола да бидат хумани и својата носена, но употреблива облека, да ја донесат овде на овој штанд и да им помогнат на оние на коишто им е најпотребно”, рече Спасов.
”Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период. Следната продавница ќе ја отвориме во Охрид и понатаму ќе продолжиме со отворање на вакви продавници низ целата држава, со цел да го реализираме овој проект и дополнително да ја подигнеме свеста кај граѓаните во однос на хуманоста“, заврши Спасов.