Село Богородица доби нова градинка

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов, денеска свечено ја  отворија  градинката во други просторни услови ”Мало штркче” во с. Богородица, Општина Гевгелија.

”Заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија и директорот на градинката  ЈОУДГ ”Детска радост” имаме можност да отвориме еден нов објект, градинка во село Богородица, место во кое досега немаше воопшто градинка. Општина Гевгелија претставува успешен пример на водење на Oпштина во насока на подобрување на состојбата на грижата и воспитувањеto на децата од предучилишна возраст”, рече Спасов.

Гевгелија е една од Oпштините која има најголем опфат на деца во Македонија во детските градинки, а со овој чекор се зголемува капацитетот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

”Станува збор за објект во којшто може да се сместат до 50 дечиња. Оваа инвестиција е од над 4.000.000 милиони денари со која што дополнително се подобруваат условите.

Заедно со Oпштината и градоначалникот на Гевгелија ќе продолжиме и во наредниот период да инвестираме во изградба на објекти во населени места во кој до досега немало градинка. Како Mнистерство за труд и социјална политика нашата грижа за иднината на Република Македонија и дечињата е во насока на отворање на што повеќе објекти во населени места во кои нема воопшто градинки и токму во таа насока продолжуваме и во наредниот периoд”, појасни Спасов.

Тој на крајот посочи дека во моментов се работи  на 14 објекти коишто во текот на годината и наредната година, ќе треба да се отворат, а дополнително во програмата се зацртани 40 објекти за нови детски градинки.

”Наш приоритет е подобрување на условите и капацитетите на детските градинки во Република Македонија”, заврши Спасов.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }