ДИТ изврши 97 инспекциски надзори и донесе 37 решенија за забрана за работа
Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија.
Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки.
Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.