29.6.2019

Царовска: Веруваме во општество кое е еднакво и дава шанси за сите

На првата парада на гордоста во Северна Македонија „Skopje Pride“ денеска присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерката за одбрана и потрпретседателка на Владата, Радмила Шекеринска, министерката без ресор, Зорица Апостолска, пратенички од неколку политички партии, преставници од државни институции и невладините организации, како и преставници од амбасадите на повеќе држави во земјава. Овој настан е голем чекор напред во борбата за еднаквост и повеќе права на ЛГБТИ заедницата во државата.

Повеќе

28.6.2019

МТСП: Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 %

Растат платите за сите вработени во градинките. Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 % се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули.

Повеќе

28.6.2019

Царовска: Ги развиваме услугите за заштита од родово насилство, специјализирани сервиси се отвораат во уште 5 региони 

Министерката за труд си социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на Конференција на ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување,  на тема „Финансиските импликации за обезбедување допстапни и пристапни специјализирани сервиси за жртви на родово засновано и семејно насилство“. Целата на конференцијата е да се отвори дискусија за ова прашање и истата да биде во согласност со стандардите на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Повеќе

27.6.2019

Отворен ден во Владата за младински политики:  Издвојуваме средства за подобрување на младинскиот статус, отворени сме за иницијативи за вклучување на младите во социјалните иновации и бизнис модели

Во согласност со определбата за овозможување директно учество на граѓанските организации во креирањето јавни политики за континуиран демократски и економски просперитет на државата, во Владата на Република Северна Македонија, денеска, се одржа Отворен ден за консултација за младинските политики.

Повеќе

27.6.2019

Ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заедницата, овозможуваме еднаква заштита за сите

Социјалната заштита, здравството, образованието, вработувањето, пристап до правда, домување, спорт и медиуми за ЛГБТИ лицата се темите за кои се носат конкретни заклучоци на дводневната регионална конференција за Унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија. Конференцијата е во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Советот на Европа, а на истата денеска говореа министрите за труд и социјална политика, за внатрешни работи и за здравство Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, како и претставничката од Совет на Европа, Елени Цецеку и Билјана Гинова ко-претседавач на ЕРА.

Повеќе

26.6.2019

МТСП се стекна со ИСО стандардот MKC EN ISO 9001:2015, продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите

Министерството за труд и социјална политика се стекна со ИСО сертификат со кој што се потврдува дека го применува Системот за менаџмент согласно барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015

Повеќе

21.6.2019

Царовска: Солидарноста и еднаквоста се темелите на ЕУ, ја повикувам Унијата да продолжи да ја продлабочува соработката во социјалната политика со регионот

Социо-економската перспектива на Северна Македонија и регионот беа тема на денешната  Национална конференција "Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции" што се одржа во Владата на Република Северна Македонија. Настанот беше организиран од германската невладина организација Arbeiter Samariter Bund, Југоисточна Европа, заедно со локалниот партнер Отворена Порта - Ла Страда и со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.

Повеќе

21.6.2019

ХАКАТОН - „КРЕИРАЈ ИГРИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ“ #INNO4EDU

Во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, невладината организација СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации ќе организира тридневен хакатон кој ќе се одржи од 18ти до 20ти јули во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“. 

 

Повеќе

20.6.2019

Царовска: Со пензиската реформа се стабилизира системот, постигнавме заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на 11 регионална средба на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија, Албанија и Австрија, која што се одржува во Охрид. На конференцијата се разменуваат искуства поврзани со спроведувањето на пензиските реформи во регионот и се договараат идните чекори за соработка меѓу фондовите.

Повеќе

19.6.2019

Царовска: Вложуваме во раниот детски развој, отворена е нова градинка во Кавадарци

Отворен е нов објект на градинката „Рада Поцева“ во Општина Кавадарци. Во „Петар Пан“ ќе се згрижуваат до 23 деца на возраст од 2 до 6 години. Објектот „Петар Пан“ има површина од 126,42 м², а Министерството за труд и социјална политика за него обезбеди средства во висина од 619.200 денари.

Повеќе

19.6.2019

МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите во Северна Македонија

Делегација од Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и работодавачите од Северна Македонија, присуствуваат на Меѓународната конференција на трудот во Палатата на нациите во Женева, Швајцарија, на која истовремено се одбележува и 100 годишнината на Меѓународната организација на трудот. Во името на делегацијата на сесијата на која што присуствуваат преставници од над 180 земји се обрати Мирјана Алексевска, раководител на сектор за политики од областа на трудови право и политики за вработување.

Повеќе

18.6.2019

МТСП: Со успешно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација овозможуваме еднаква заштита за сите граѓани

Денеска во Клубот на пратениците се одржа обука за недискриминација за Центрите за социјална работа. Целта на обуката е подетално запознавање на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, а во насока на ефективна имплементација на Законот.

Повеќе

5.7.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец јуни 2019 година

Повеќе

Царовска: Почна исплатата на зголемената социјална помош, гарантиран минимален приход земаа 25.794 домаќинства

Започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека денеска 25.794 домаќинства на нивните трансакциски сметки добија гарантиран минимален приход, која што за поголемиот дел од нив е зголемена за 100%. На сите овие домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток.  Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекуваме овие бројки да продолжат со растат.

Повеќе

8.6.2019

Царовска: Со реформите директно ја намалуваме сиромаштијата во државата

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на синоќешната дебата посветена на две години Влада рече дека изминатите две години Министерството за труд и социјална политика го води во интерес на граѓаните и со работење на реформи со кои релативната сиромаштија треба да се намали за 3%, а апсолутната да се сведе на нула. “Сиромаштијата за прв пат се третира во текот на целото живеење од раѓање до крајот на животот и тоа дефинитивно ќе даде ефект”, рече министерката Царовска.

Повеќе

5.6.2019

Отворена нова градинка во Пробиштип

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворање на новиот објект „Детелинка“ на детската градинка  „Гоце Делчев“ во  Пробиштип. „Раниот детски развој е клучен за понатамошниот развој на секое дете.

Повеќе

1.6.2019

MТСП: Честит Меѓународен ден за заштита на детето, продолжуваме да обезбедуваме еднакви шанси за секое дете

Министерството за труд и социјална политика го честита Меѓународниот ден за заштита на детето и уште еднаш ги потврдуваме заложбите дека секое дете ни е важно.МТСП продолжува посветено да работи на намалување на детската сиромаштија, обезбедување еднакви шанси за секое дете, и подобри услови за живот и ран детски развој во Северна Македонија.

Повеќе