1 јуни- Ден на детето: “Во владината програма заштитата на децата е приоритна бидејќи секое дете е важнo”

На денешен ден во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Генералното собрание на ОН препорачува сите земји да воспостават Универзален ден на детето. Оттаму укажуваат најголемо внимание да се посветува во заштитата на децата кои работат долги часови во опасни околности, како и да им се овозможи на сите деца да имаат пристап до образованието.

Во Република Македонија правата на децата се остваруваат согласно со Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законската регулатива.  

Во оваа прилика министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потенцира дека во Програмата на новата Влада на Република Македонија заштитата на децата е приоритна бидејќи секое дете е важно и во таа насока ќе биде направен прецизен план за проширување на мрежата на градинки низ Македонија како во градски така и во рурални средини. 

“Ќе воведемe и Програма за индивидуална поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и семејства со ниски примања со цел да се намали детската сиромаштија. Исто така, законски ќе гарантираме воведување на специјален едукатор (дефектолог, логопед) во градинка и училиште каде што има деца со попреченост со цел адекватна поддршка на децата и семејствата. Ќе обезбедиме мрежа на професионални згрижувачките семејства на кои им е регулиран работниот однос. Ќе воспоставиме регионални мали групни домови за децата чиј социјален ризик не дозволува згрижувачко семејство. Со новата реформска Влада доаѓа живот во Република Македонија и ќе им дадеме шанса на децата и младите да го прават тоа што најмногу го сакаат, да истражуваат и да напредуваат”, нагласи министерката Царовска по повод 1 јуни денот на детето. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }