Царовска: МТСП подговтвува Законот за социјално претприемништво 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на промоцијата на првите 10 трансформирани невладини организации во социјални претпријатија и на 10-те Добри брендови во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Притоа таа инфомрираше дека Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Поттикнување  на социјалното претприемништво„ ко- финансиран од ЕУ подготвува Предлог текст на Законот за социјално претприемништво по што ќе биде спроведена јавна дебата со цел широка консултација за во него да бидат вклучени и забелешките и сугестиите на невладиниот сектор, како и искуствата и барањата на социјалните претпријатија кои работат во земјата. 

“Како министер наследив неколку нивоа на разработен текст на закон со различни форми на понуда. Сега ги разгледувам и размислувам дека ако досега се размислуваше на социјалните претпријатија како можност за отворање нови работни места за лица во социјален ризик, сметам дека треба да го прошириме нивото на овој закон и да го прошириме по можност и за воспоставување на плурален систем на социјална заштита. Законот за социјална заштита тоа го дава но, со социјалните претпријатија ќе добиеме можност и самите социјално-ранливи групи да бидат обучени за нудење одредени сеевиси за поддршка на други групи на граѓани во Македонија”, рече Царовска. 

Таа истакна дека голем дел од организации покажале успех во развој на социјални претпријатија, при што го посoчи примерот на Здржужението на граѓани „Покров“ кои направија посебна комуна во Струмица за рехабилитација на зависници од дрога, алкохол и коцка.“Законот, ќе одговори и на барањата на социјалните претпријатија кои бараат олеснувања. Во моментов тие функционираат и по стандардните закони кои што се за претпријатија. Но тоа не е доволно”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.    

Целта на проектот којшто е ко-финансиран од ЕУ и Град Скопје „Смарт Старт: оддржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации“ е да создаде побарувачка и понуда за социјлано претприемништво во земјата, односно да одговори на предизвиците што ги имаат социјалните претрпијатија.  Освен во Македонија, истиот се спроведува и во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }