Царовска на форум на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на јавната расправа на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“ во организација на Делегацијата на ЕУ во Македонија во соработка со ЕУ проектот Техничка поддршка за граѓанските организации-TACSO.

Темата на форумот беше улогата на граѓанските организации во општеството, проблемите и предизвици со кои се соочуваат во своето работење и перспективите за одржливост на граѓанското општество и организациите.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека без граѓанско силно општество не може да бидат силна Влада и да одиме кон Европската унија. 

“Граѓанскиот сектор во даден момент критикува, но тој ако критикува конструктивно, тоа ја прави владата посилна. Очекувам дека граѓанскиот сектор, кога ќе се почувствува слободен во неговото дејствување, ќе даде придонес”, изјави министерката Царовска. 

Посочи дека граѓанското општество е пошироко од граѓанските организации и сите сме дел од него, како и дека Министерството за труд и социјална политика треба да направи функционален систем со Закон за социјална заштита што ги задоволува потребите и Закон за работни односи што ги штити работниците и кој што ги вклучува граѓанските организации.

“Дополнително треба да им дадеме место на граѓанските орагнизации во овие закони како да дејствуваат и како да даваат коментари во однос на нашите сервиси и како да учествуваат директно во давање на одредени услуги. Тоа ќе биде регулирано со законски акти и ќе бидат консултирани”, потенцираше Царовска.

Раководителот за соработка од Делегација на ЕУ Никола Бертолини рече дека цивилното општество има голема улога во Македонија, но и Владата и дека нивна цел е двете да работат заедно и разговараат за иднината и добросостојбата на граѓаните.

 
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }