Известување во врска со прес конференцијата на Народниот правобранител

Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите иницијативи коишто се доставуваат како од институции, така и од поединци, здруженија на граѓани и сл. и секоја иницијатива што е од интерес за нашите корисници се разгледува.  

Во врска со Иницијативата за изготвување предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата за која ги информираше медиумите Народниот правобранител известуваме дека до овој момент ваква Иницијатива се уште не е доставена до Министерството за труд и социјална политика, но напоменуваме дека кога ќе биде доставена ќе биде внимателно разгледана.

Во таа насока, сакаме да ја известиме јавноста дека на почетокот на идната недела министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе оствари средба со народниот правобранител Иџет Мемети на која што ќе се разговара на повеќе теми и прашања, и веројатно ќе стане збор и за оваа Иницијатива за која откако ќе биде разгледана Министерството за труд и социјална политика ќе се произнесе и ќе заземе став. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }