Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика 

Денеска Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими при што остварија и кратка средба на која што извршија примопредавање на функцијата. На средбата Царовска и Ибрахими разговараа и за актуелните состојби во Министерството.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

На колегиумот со раководителите и државните советници министерката Царовска нагласи дека како министерка за труд и социјална политика основното начело според кое ќе се раководи во извршување на функцијата ќе биде професионалноста, стручноста, мотивацијата и искуството, со единствена цел МТСП да биде сервис на граѓаните. 

“Верувам дека заедничка цел ни е да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и затоа потенцирам дека ќе се фокусираме на транспарентна и активна соработка оставајќи ги на страна поделбите базирани на политичка, верска или било каква лична определба. Од 8:30 до 16:30 часот сите ние сме администрација во служба на граѓаните.  

Во иднина, нашата мисија е да го зајакнеме дијалогот и поддршката во областа на социјалната политика во државата, да ја интензивираме борбата против сиромаштијата и социјалните разлики, и да го реформираме и надоградиме системот на социјалната заштита, со цел да биде правичен и одржлив сервис за сите граѓани Се надевам дека ќе бидеме сите на ниво на довербата што ни ја дале граѓаните во исполнувањето на нашите обврски”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред колегиумoт и вработените. 

Царовска очекува во период што доаѓа атмосфера на интензивна соработка и позитивен натпревар во исполнувањето на работните цели и задачи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }