Министерката Царовска на конференција за “Глобалниот договор за миграции и Глобалниот договро за бегалци”

Министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска се обрати на конференцијата на тема “Глобалниот договор за миграции и Глобалниот договор за бегалци” во организација на Меѓународната за миграција и УНХЦР.  

Меѓународните миграции во глобални рамки забележаа континуиран и интензивен пораст, а се одликуваат и со различни правци на движење.

“Статистиките покажуваат дека во 2015 година бројот на меѓународните мигранти ширум светот достигна 244 милиони, што претставува голем пораст во споредба со состојбата во 2000 година (175 милиони). Порастот на меѓународните миграции се карактеризира и со значителни промени во видовите на овие движења. Притоа, посебно внимание заслужува зголемениот обем на мигранти и бегалци од кризните подрачја, посебно Блискиот Исток и Африка, кои транзитираат низ Република Македонија во обид да пристигнат кон земјите членки на ЕУ. За Република Македонија, како земја која се наоѓа на Западно Балканската Рута, од особено значење е адресирањето на транзитната миграција посебно онаа од Блискиот Исток и Западна Африка”, информираше министерката Цароска.  

Последните податоци на ОН за трендовите во меѓународните миграци покажуваат дека бројот на меѓународни мигранти растел побрзо од светското население. Како резултат на тоа, учеството на мигрантите во глобалната популација достигна 3,3 проценти во 2015 година, наспроти 2,8 проценти во 2000 година. Разликите во социо-економската развиеност и на нивото на животниот стандард меѓу одделни земји, како и политичката нестабилност и граѓанските војни во одделни региони во светот остануваат основни детерминанти за порастот на меѓународните миграциски движења. 

“Во областа на надворешните миграции на Република Македонија во последните години беа забележани релативно големи промени. Во однос на легалните миграциски движења и понатаму значително e поголем обемот на иселените од оној на доселените лица, кој остана релативно мал и со доминантна застапеност на привремениот престој на странците. Во однос на географската разместеност на македонските граѓани во странство, врз основа на сите расположливи податоци, може да се констатира дека и во периодот 2010-2016 година, Австралија, Италија, Германија, САД и Швајцарија останаа петте земји на прием со најголем број на имигранти од Република Македонија. Што се однесува, пак, на европските земји на прием како најзначајни дестинации се издвојуваат: Германија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија и Белгија”, рече министерката за труд и социјлана политика Мила Цароска. 

Адресирањето на трајните иселувања на населението и на работната сила од земјата, како и давањето на предност на привремената - циркуларна миграција, претставуваат значителни развојни предизвици на миграциската политика во Република Македонија. Отворањето на една глобална дискусија за значењето на емиграцијата и имиграцијата врз развојот на земјите на потекло и земјите на дестинација ќе овозможи соодветен одговор на државите во поглед на креирање на сопствени политики кон ова значајно прашање.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }