Презентација на “Нацрт-Стратегија за безбедност и здравје при работа 2020”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на тркалезната маса на која се презентираше “Нацрт-Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020”, во организација на Министерство за труд и социјална политика, а во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Советот за безбедност при Влада на Република Македонија.  

“Едно од основните човекови права и предуслов за успешна работа и поголема продуктивност на работникот е чување и унапредување на здравјето на работниците на што се темели и Стратегијата”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во Стратегијата се дадени насоките за развој и безбедност при работа, обврска која што е содржана и во повеќе конвенции на Меѓународната организација на трудот. Покрај тоа, Република Македонија како земја кандидатка за членство во Европската унија, ќе работи на осовременување и континуиран развој на системот на безбедност и здравје при работа, како и на негово прилагодување кон европските норми содржани во повеќе директиви и договори. 

“Статегијата е многу значаен документ за Владата на Република Македонија, но исто така, треба да биде важен документ и за работниците и работодавачите. Имено, една од целите на оваа Влада е обезбедување на вистинска заштита на работничките права преку изграден систем за безбедност и здравје при работа, кој треба да биде во согласност со европското законодавство, со цел да се обезбедат побезбедни и похумани услови на работните места. Ова може да се постигне, меѓу другото, доколку секој работодавач ги знае обврските од прописите од областа на безбедност и здравје при работа, и доколку континуирано се следи здравјето на вработените кои работат на работни места со зголемена опасност и зголемен ризик”, рече министерката Царовска. 

Во Стратегијата е прикажан и планот на делување во областа на безбедноста и здравјето при работа, преку интер-секторски активности координирани од Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Државниот инспекторат за труд, а со поддршка на Министерството за здравство во насока на вистински и искрен социјален дијалог. Исто така, планирано е да се воведе регистар на професии коишто се изложени на определен степен на ризик со цел да се креираат специфични мерки за заштита на секоја професија. Составен дел на Стратегијата е и Акцискиот план до 2020 година, во кој се утврдени повеќе цели, со конкретни мерки и активности, временска рамка на реализација, одговорни институции за имплементација, индикатори за следење, и сл. 

Министерот за здравство Арбен Таравари нагласи дека тие како министерство ќе дадат поддршка во изготвувањето на оваа стратегија, бидејќи, како што рече, здравјето на работниците е основно елементарно право, а со оваа стратегија се унапредени одредени права и од аспект на здравството ќе направат се што е потребно. Во однос на неговиот ресор во стратегијата, Таравари рече дека во нацрт верзијата се истакнуваат одредени здравствени услуги коишто ќе се даваат на работниците.

Според Милан Петкоски од Македонското здружение за заштита при работа кои се дел од подготовката на нацрт-стратегијата, голем е бројот работници кои не си ги знаат правата за заштита при работа. Во истражувањата кои тие ги спровеле, вработените не знаеле од каде да побараат информации. И оние информации, вели тој, кои им се поврзани со работното место, односно со безбедноста и здравјето при работа, се информации кои најчесто биле третирани како второстепени.

На тркалезната маса присуствуваа сите засегнати страни во областа на безбедноста и здравјето при работа. Целта на тркалезната маса беше разгледување и презентација на Нацрт Стратегијата за безбедност и здравје при работа, како и дискусија за размена на ставови и предлози.

Министерката Царовска на конференција за “Глобалниот компакт за миграции и Глобалниот компакт за бегалци”

Министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска се обрати на конференцијата на тема “Глобалниот компакт за миграции и Глобалниот компакт за бегалци” во организација на Меѓународната за миграција и УНХЦР.  

Меѓународните миграции во глобални рамки забележаа континуиран и интензивен пораст, а се одликуваат и со различни правци на движење.

“Статистиките покажуваат дека во 2015 година бројот на меѓународните мигранти ширум светот достигна 244 милиони, што претставува голем пораст во споредба со состојбата во 2000 година (175 милиони). Порастот на меѓународните миграции се карактеризира и со значителни промени во видовите на овие движења. Притоа, посебно внимание заслужува зголемениот обем на мигранти и бегалци од кризните подрачја, посебно Блискиот Исток и Африка, кои транзитираат низ Република Македонија во обид да пристигнат кон земјите членки на ЕУ. За Република Македонија, како земја која се наоѓа на Западно Балканската Рута, од особено значење е адресирањето на транзитната миграција посебно онаа од Блискиот Исток и Западна Африка”, информираше министерката Цароска.  

Последните податоци на ОН за трендовите во меѓународните миграци покажуваат дека бројот на меѓународни мигранти растел побрзо од светското население. Како резултат на тоа, учеството на мигрантите во глобалната популација достигна 3,3 проценти во 2015 година, наспроти 2,8 проценти во 2000 година. Разликите во социо-економската развиеност и на нивото на животниот стандард меѓу одделни земји, како и политичката нестабилност и граѓанските војни во одделни региони во светот остануваат основни детерминанти за порастот на меѓународните миграциски движења. 

“Во областа на надворешните миграции на Република Македонија во последните години беа забележани релативно големи промени. Во однос на легалните миграциски движења и понатаму значително e поголем обемот на иселените од оној на доселените лица, кој остана релативно мал и со доминантна застапеност на привремениот престој на странците. Во однос на географската разместеност на македонските граѓани во странство, врз основа на сите расположливи податоци, може да се констатира дека и во периодот 2010-2016 година, Австралија, Италија, Германија, САД и Швајцарија останаа петте земји на прием со најголем број на имигранти од Република Македонија. Што се однесува, пак, на европските земји на прием како најзначајни дестинации се издвојуваат: Германија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија и Белгија”, рече министерката за труд и социјлана политика Мила Цароска. 

Адресирањето на трајните иселувања на населението и на работната сила од земјата, како и давањето на предност на привремената - циркуларна миграција, претставуваат значителни развојни предизвици на миграциската политика во Република Македонија. Отворањето на една глобална дискусија за значењето на емиграцијата и имиграцијата врз развојот на земјите на потекло и земјите на дестинација ќе овозможи соодветен одговор на државите во поглед на креирање на сопствени политики кон ова значајно прашање.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }