Соопштение

Економско-социјалниот совет ја одржа 35-та конститутивна седница на која се разгледуваше Извештајот за проценката на состојбата на социјално-економските совети на Западен Балкан, Предлог на Закон за изменување на Законот за работни односи, како и Нацрт стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020.

Во насока на обезбедување што поголема инклузивност  и транспарентност во работата на Советот, на седницата беа поканети и присуствуваа и претставници на синдикатите кои не се негови членки.  Со овој чекор Министерството за труд и социјална политика најавува редовно вклучување на сите засегнати страни во процесот на креирање политики, особено кога станува збор за прашања од областа на трудовото право.

И покрај отсуството на кворум за донесување одлуки и заклучоци, присутните дебатираа за сите предвидени точки и ги споделија предлозите и мислењата на организациите кои ги претставуваат.

На овој линк можете да ги видите изјавите на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателот на Организација на работидавачи на Македонија, Ангел Димитров и претставникот на Синдикат за енергетика Рбоерт Симоновски