Заврши проектот “Локална интеграција на бегaлци, внатрешно раселение лица и малцински групи”


Заменик министерот за труд и социјална политика Доц.Д-р Елми Азири се обрати на настанот по повод завршувањето на проектот “Локална интеграција на бегaлци, внатрешно раселение лица и малцински групи”, финансиран во рамки на Националната програма за 2011 во компонентата ‘Помош при транзиција и институционална наградба’–ИПА компонента.

“Проектот започна со имплементација во јануари 2016 и се спроведува до јули 2017 година, со вклученост на релевантните институции корисници и носителите на политики со клучна улога во имплементација на Стратегијата за Роми и политиките за интеграција и поддршка на пристапот до услуги за локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи, односно Ромите. Активностите на овој проектот во значителна мерка продонесоа кон зајакнување на државната администрација и капацитетите за имплементација преку понатамошна поддршка на процесот на локална интеграција и вклучување на резидентните и нерезидентните раселени лица (бегалци и внатрешно раселени лица) и малцински групи (Роми), како и зголемување на одржливоста на процесите за нивно локално вклучување”, информираше заменик министерот за труд и социјална политика Доц.Д-р Елми Азири.

Активностите на проектот опфаќаа значителен дел во поддршка на политиките за ревизија на постојните јавни политики во општините за креирање на спроведливи, реални и одржливи локални јавни политики за Ромите на локално ниво.

Проектот се фокусираше воглавно на градење на капацитетите на институциите корисници и нивната заедничка координација, со значителна компонента на обуки и активности насочени кон јакнење на јавната свест, преку подобрување на меѓу-секторска институционална координација и воспоставување на механизам за вмрежување за детектирање и справување со предизивиците за ромската популација за нивно социјално вклучување на локално ниво со цел да се постигнат целите поставени во Стратегијата за Роми 2014-2020 и ЕУ 2020.

Активностите во проектот вклучува поддршка во имплементација на постојните политики на национално и локално ниво согласно идентификуваните приоритети, со посебен акцент во спроведување на пилот активности, како што се: потпишани се 12 меморандуми за соработка со општините, подготвени се локални акциони планови за 12 пилот општини со мнозинство на ромско население, подготени се методологија и алатки за социјално мапирање, анализа за подобрување на законската рамка и услуги за подобрување на состојбите со Ромите, анализа за подобрување на пристапот за регистрирање лични документи и регулирање на статус, анализа за состојбите со лицата вклучени во неформалната професија при прибирање на отпад и воспоставување на механизам за нивна професионална ориентација и вклучување на пазарот на труд, анализа за институционална поддршка за опфаќање на ромските деца на улица, анализа за воспоставување и промовирање модалитети од програмите за вработување за интегрирање на бегалците и внатрешно раселените лица на пазарот на труд,  поддршка на активностите за обезбедување на асистенција за отворено аплицирање и поднесување документација за обзбедување на работни дозволи во АВРМ и спроведени се професионални обуки преку тренинг провајдери за 30 Роми бегалци и внатрешно раселени лица со одобрени планови за вработување.

“Препораките од овие анализи и научените лекции од спроведените активности, кои денес ќе ги слушнеме сумарно, придонесуваат во дефинирање и понатамошно унапредување на состојбите за Ромите и финансирање на различен тип на активности, и секако ќе бидат земени во предвид при реформиските стратешки определби на Владата на Република Македонија. Ќе ја нагласам потребата од поголема понатамошна поддршка на развојната помош во спроведување на активностите по однос на политиките со клучна улога во имплементација на Стратегијата за Роми и политиките за интеграција и поддршка на пристапот до услуги за локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи”, изјави Азири. 

Додаде дека Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе обезбедува поддршка во имплементација на вакви проекти кои директно допринесуваат во подобрување на состојбите на Ромите, бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи и ја истакна поддршката на Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош во градење на капацитетите за спроведување на политиките. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }