Проект

Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи

Опис на проектот 


Проектот се имплементираше во времетраење од 18 месеци со период на имплементација од 11.1.2016 – 10.7.2017 година  во соработка со институциите одговорни за локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи (Роми).

Проектот се фокусираше воглавно на градење на капацитетите на институциите корисници и нивната заедничка координација, со значителна компонента на обуки и опсег на активности насочени кон јакнење на јавната свест, како и на имплементација на постоечките политики на национално и локално ниво согласно идентификуваните приоритети, со посебен акцент во спроведување на пилот активности. Посебен сет на активности беше насочен кон имплементацијата на Стратегијата за Роми и локалнта интеграција на бегалци, со посебен фокус на локално ниво, како и стекнување на знаење од меѓународни искуства. Активностите беа насочени кон подобрување на активностите за локална интеграција, преку зајакнување на институционалните структури, обуки и насочени акции. 

Главната цел на проектот беше насочена кон зајакнување на државната администрација и капацитетите за имплементација преку понатамошно зајакнување и поддршка на процесот на локална интеграција и вклучување на резидентните и/ или нерезидентните раселени лица (бегалци и внатрешно раселени лица) и малцински групи (Роми), како и зголемување на одржливоста.

Специфичната цел на проектот придонесе во поддршка на процесот на пристап на резидентните и/ или нерезидентните раселени лица во обезбедување на сеопфатни државни услуги, зголемена самопомош преку учество и вклучување на раселените лица во општеството, како и зголемување на квалитетот на живот и пристап до правата и услугите за социјално вклучување на заедницата на Ромите, Ашкалите и Еѓипќаните во општеството.

Постигнати се резултати во следниве компоненти:

Компонента 1: Поддршка на имплементацијата на националните и локалните јавни политики за вклучување на Ромите:

- Имплементиран план за обуки за градење на капацитетите на релеватните институции преку Локалните планови за акција во рамки на имплементацијата на Стратегијата и Декадата за Роми;

- Зајакнат капацитет на сите релевантни учесници во имплементација на Стратегијата и Декадата за Роми и потпишување на Меморандум за соработка со општините;

- Имплементирани локални планови за акција за Ромите.

 

Компонента 2: Градење на институционалните капацитети и пристап до пазарот на труд за бегалците и внатрешно раселените лица:

- Зајакнат капацитет на државните институции и носителите на политики во имплементација на политиките за интеграција и поддршка на пристапот до услуги;

- Постигната економска одржливост;

- Зголемена вработливост;

- Стекнато искуство и најдобри практики за областа за интеграција на бегалците.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }