1637 млади се вработија за 76 дена преку мерката на Владата

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и ректорот на универзитетот Гоце Делчев Штип Саша Митрев денеска свечено го отворија Инфо клубот во просториите на Кампус 2.

"Ова е третиот Инфо клуб, кој го отвораме со цел да ги доближиме сите релевантни информации за слободни работни места за можности за вработување, за сите активни мерки и политики за вработување, кои што ги реализираме како Влада на Република Македонија до младите кои што студираат на универзитетите, со оглед на тоа што тие се во завршните дел од својот образовен процес. 

Преку вакви и слични активности  како што е мобилната апликација и веб-серверот сакаме да ги добижиме сите информации за можностите кои што ги имаат младите во нашата држава за вработување", вели Спасов.

Тој изрази големо задоволство од активната мерка за вработување на младите во македонските фирми, со што се ослободуваат од плаќање на придонеси.

"За околу 76 дена преку оваа мерка се вработени околу 1.637 млади, дневно се вработуваат околу 20-тина луѓе до 29 години. Ова е мерка што ќе биде во примена во текот на наредните две години", рече Спасов.
 

Тој најави дека во текот на наредниот период ќе се промовира и нова кредитна линија со поволен грејс-период и ниска камата, која ќе биде насочена за младите до 29 години за да можат да реализираат сопствена бизнис идеја, односно да се самовработат.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }