Нови можности за самовработување-грант од 3000 евра 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за вториот циклус од Програмата за самовработување, која веќе прерасна во бренд програма во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, која се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Програмата за развој на Обединетите Нации–УНДП.

Министерот Спасов потенцираше дека бројките од оваа програма ја потврдуваат  нејзината успешност. “Во изминатите седум години (2007-2013) вкупно 5.835 граѓани го оствариле својот сон да започнат сопствен бизнис, од нив 75% се одржливи и успешно функционираат, а многумина од нив веќе отвориле дополнително вработување за членовите на нивните семејства или други невработени лица.

До сега, над 21.000 невработени лица аплицирале во програмата и покажале желба да започнат свој бизнис,  а над 7.000 кандидати завршиле обука за Претприемништво и бизнис планирање, со што се стекнале со основни знаења и вештини од областа на менаџментот, финансии, маркетинг, продажба и деловно планирање. Ова укажува на огромниот претприемачки потенцијал во земјата, којшто ние како Влада го поддржуваме и ќе продолжиме да го поддржуваме во иднина. 

Во изминатите седум години, во Програмата за самовработување Владата на Република Македонија има вложено вкупно 1.135.517.200 денари, односно 18.523.000,00 евра, а со Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување за 2014 година, за Програмата за самовработување дополнително се обезбедени 200.649.847,00 денари, односно 3.273.243,00 евра од Буџетот на Владата на Република Македонија”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 

Тој информираше дека согласно со Оперативниот план, оваа година предвидено е да се опфатат 950 невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија на активни баратели на работа во 900 ново-отворени правни субјекти. 

“Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали,  учесниците во Програмата за самовработување добиваат и низа други придобивки, што треба да им помогнат на кандидатите да станат успешни претприемачи како што е  обука за претприемништво, експертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот. Оваа година најдобро оценетите 50 бизнис планови ќе имаат можност да добијат грант со дополнителни 1.500 евра за едно дополнително вработување во новоформираната фирма”, рече Спасов и продолжи:

“Дозволете ми уште малку статистика. Од вкупно 5.835 до сега отворени бизниси, речиси  1/3 се отворени од жени претприемачи, а 2.000 бизниси се од млади лица до 29 години. 

Со денешното објавување на огласот за  Програмата за самовработување се обезбедува можност на нова група граѓани да се вклучат во неа. Со првиот циклус којшто започна во јануари 2014 година, речиси 850 невработени ја завршија обуката за претприемништво и бизнис планирање, а од нив 500-те најуспешни кандидати до крајот на јуни се очекува да основаат свои фирми. Со вториот циклус што го објавуваме денеска, ќе поддржиме основање на уште 400 фирми со што ќе се заокружи планираниот број од вкупно 900 бизниси”.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги повика невработените лица кои имаат бизнис идеја, да ја искористат оваа шанса, да аплицираат, а сите заинтересирани да ги отворат Web страниците на Агенцијата за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk и на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk и инфо–страница www.samovrabotuvanje.mk  каде што ќе ги најдат сите потребни информации. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }