Продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето 


На 8 и 9 мај 2014 година се одржува состанок на македонско-турската работната комисија формирана со Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција. 

Македонската делегација е предводена од државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Муедин Кахвеџи, а турска делегација е предводена од државниот секретар во Министерство за труд и социјална сигурност, Ахмет Ердем. 

Работната комисија разгледува прашања од областа на вработувањето и следењето на развојот на пазарот на трудот, пласирањето на невработените лица, стручното обучување и стручното насочување на невработените лица, како и прашањето на организација и функционирање на јавната служба за вработување. На состанокот се разменија искуства во однос на активните програми и мерки за вработување, како и за функционирањето на иновациските фондови во Турција.

Предмет на дискусија е и практичната примена на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија  и Република Турција, кој е во сила од 1.7.2000 година. 

Покрај прашањата од областа на трудот и пензиското и инвалидското осигурување, работната комисија размени искуства и мислења од областа на безбедност и здравје при работа и трудовата инспекција.

****************************

Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција е потпишан во септември 2013 година, а Собранието на Република Македонија го ратификуваше во јануари 2014 година. 

Со овој договор се зајакнува соработката помеѓу Република Македонија и Република Турција во областа на работниот век, социјалната сигурност и вработувањето. 

Според одредбите на овој Договор, формирана е заедничка работна комисија за следење на спроведување на истиот и реализирање на прашањата поврзани со соработката. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }