Проширување на проектот “Домашна визита”, дополнителна грижа за граѓаните во социјален ризик  

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за здравство,Никола Тодоров на денешната прес-конференција информираа за проширување на проектот “Домашна визита” како една од мерките со кои се помага на социјално ранливите категории на граѓани.

“Посебна обврска имаме кон лицата кои не се во можност да се грижат сами за себе, лицата со инвалидност, лицата кои се во потешка здравствена состојба, болните и изнемоштените како и граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик. Изминатиов период со неколку мерки како воведување на надоместокот за потполно слепите лица  и телесните инвалиди од 7000 денари месечно и надоместокот за глувите лица во износ на 4000 денари, проширување на правото на мобилност за лица со квадриплегија, зголемување на постојаната парична помош за цели 46%, и нејзино понатамошно зголемување за 5 %  на годишно ниво, и многу други мерки и проекти кои веќе  ги реализираме и ќе ги реализираме во иднина, овозможуваме намалување на социјалниот ризик и обезбедување на социјалната подршка за нашите граѓани кои се наоѓаат во потешка состојба”, рече Спасов. Toј истакна дека заедничка  заложба е институциите да бидат поблиску до граѓаните и секому кому му е потребна грижа и заштита од државата да ја почуствува таа поддршка. 

“Кога е во прашање грижата за граѓаните,  потребен е координиран меѓуресорски пристап. Токму затоа, на големо задоволство денес во соработка со Министерството за здравство го промовираме проширувањето на проектот Домашна визита,  со грижа и помагање на стари лица корисници на правата од социјалната заштита како правото на надоместок за грижа од друго лице (туѓа нега), надоместок за глувост, надоместок за слепило, мобилност и постојана парична помош,  односно лица кои се во потешка здравствена состојба, работно неспособни, болни изнемоштени, лица со инвалидност, лица кои имаат потешкоти во движењето . При што во домашни услови, стручните медицински тимови во соработка со Центрите за социјална работа, ќе им овозможат здравствена нега и пружање на основните здравствени услуги како и стручна помош”, потенцираше Спасов.

Во првата фаза ќе бидат опфатени лица на возраст над 50 години а потоа  сите останати. 

“Она што сакаме да го истакнеме, дека оваа Влада е сериозна посветена на потребите на лицата во социјален ризик и понатаму  продолжуваме со грижата за овие наши граѓани", заклучи Спасов.






   
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }