Ибрахими во посета на пензионерите во Негорски и Дебарски бањи
Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети пензионерите коишто ја користат услугата за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија во Здравствената установа-природно лекувалиште “Негорски бањи” АД Негорци, Гевгелија и во „Дебарски Бањи-Цапа“,.
“Во минатите седум години оваа услуга ја искористија над 37 илјади пензионери. Годинава, оваа поволност за бањски престој ќе ја искористат 5.500 пензионери, а 2.114 пензионери туристичкиот викенд. Тие изразија големо задоволство од вниманието и грижата за нив. Се надевам дека идната влада нема да ги заборави пензионерите и ќе продолжи со овој многу значаен проект за оваа категорија граѓани, но и во правец на поддршка на бањскиот туризам”, изјави министерот Ибрахими.
Заменик извршниот директор на „Дебарски Бањи-Цапа“ Трим Ќемали рече дека бањско-климатската рекреација е значајна не само за пензионерите, туку и за самите бањи, односно за развојот на бањскиот туризам.