Голем интерес кај приватните компании за мерката за вработување на млади 


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес се обрати пред членките на Стопанската Комора на Македонија на презентацијата за новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014 година.

“За мене како ресорен министер, партнерскиот однос со бизнис секторот е од исклучително значење и само така можеме да ги постигнеме заедничките цели, а тоа  економски силна држава. Оттука, поттикнувањето и зголемување на вработеноста и отворањето на нови работни места се стратешки и долгорочен  приоритет на Владата кои се реализираат преку поширока палета на мерки и активности”, рече Спасов.

Економскиот развој и креирањето на работни места бара мултисекторски пристап за што Владата на Република Македонија во изминатиот период  спроведе голем број на реформи за подобрување на бизнис-климата и конкурентноста, зголемување на инвестициите, намалување на трошоците на фирмите преку намалување на даноците и придонесите, зголемување на ефикасноста на регулативата за работни односи, подобрување на образовниот систем и човековите ресурси согласно со потребите на пазарот на трудот, надополнети со активните политики за вработување, ефикасни служби на пазарот на трудот и обезбедување на поголема флексигурност на работни места се создадоа подобри услови за  отворање на нови работни места на македонскиот пазар на труд. Истите беа донесени на интегрален и координиран начин со социјалните партнери со што се влијаеше на стимулирањето на побарувачката на работна сила и јакнење на инклузивниот развој и социјалната положба. 

Спасов  нагласи дека во Република Македонија се подобрени условите за формализација на работни места преку ниските даноци  и даночни олеснувања за малите претпријатија, земјоделците и лицата кои прв пат креираат претпријатие, како и преку дополнителни стимулативни активни мерки за креирање на работни места и формализирање на претпријатијата. 

“Во политиките за вработување во последниот период посебен акцент е ставен на согледување на реалниот број на баратели на работа, утврдување на структурата на барателите на работа, креирање соодветни активни политики и мерки за вработување прилагодени според потребите на барателите на работа и можностите на пазарот на трудот, развој на услугите за вработување со зголемување на опфатот на корисниците, и зајакнување на индивидуалниот пристап во работењето со невработените лица, особено на лицата со намалени можности на пазарот на трудот. 
Се преземаат активности за зголемување на информираноста на работодавачите за активните мерки и состојбата на пазарот на трудот, како и информираноста за можностите на пазарот на трудот и мотивираноста на невработените лица за активно барање на работа, преку новата веб страна на Агенцијата за вработување, мотивациони обуки,  информативни средби и слично”, потенцираше Спасов.

Во периодот од 2007 до 2013 година преку различни активни програми и мерки за вработување опфатени се 54.958 невработени лица и се постигнати 30.524 вработувања.   

“Преку Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Република Македонија се реализираат различни активни програми и мерки за вработување како што се: програма за самовработување, финансиска поддршка на правни субјекти, субвенционирање на вработувањето, субвенционирано вработување на деца без родители, субвенционирано вработување на инвалидни лица, практикантство, различни видови на обуки и друго.

Oтпочнавме со спроведување на Програма за субвенционирање на вработување на невработени лица, корисници на социјална парична помош кај работодавачи од приватниот сектор.  Имено, распишан е јавен оглас за вработување на 125 невработени лица корисници на социјална парична помош преку субвенционирање на вработувањето. Оваа мерка беше уредена со Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита. Последна во низата мерки за поттикнување на вработувањето на невработени млади лица во Република Македонија е ставање во законска рамка на можноста за ослободување од плаќање на социјални придонеси на работодавачите кои ќе вработат лице до 29 години”, рече Спасов.

На крајот тој нагласи дека бизнис заедницата може и има голем удел во реализација на поволности и проекти за различни категории на граѓани преку конкретната подршка и изразената хуманост. Стопанската комора и Владата на Република Македонија остваруваат заедничка мисија, а тоа е да работат на подобрување на социјалната положба на сите  категории на граѓани кои се во социјален ризик.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }