Ќе се гради нова градинка во општина Јегуновце

 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со градоначалникот на Oпштина Јегуновце, Тони Коцески, раководителот на Центарот за вработување на Тетово, и претставници на Центарот за социјални работи Тетово. На средбата Спасов се информираше за функционирањето на дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување и Центарот за социјални работи, кои претходно беа отворени во Јегуновце со кои се подобри достапноста но и квалитетот на услугите за граѓаните да можат поедноставно и полесно и со помалку трошоци да ги остваруваат своите права.


Министерот Спасов на новинарско прашање одговори дека набрзо ќе започне изградбата на нова градинка во Oпштина Јегуновце.

“Изработката на проектната документација е во завршна фаза, тендер за изградба ќе се распише во текот на месец март а изградбата ќе започне во мај оваа година. Со изградбата на градинката значително ќе се подобрат условите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст а исто така ќе се зголеми капацитетот за сместувања. До сега во 2013 се отворија 15 нови објекти за градинки ширум државата, а во 2014 планираме отворање на уште 15 детски градинки и објекти во други просторни услови,  со тоа инвестираме и во руралните населени  места каде што воопшто нема градинки. И понатаму продолжуваме да го реализираме ветеното, голем број на проекти кои се во интерес на граѓаните и значат подобрување на квалитетот на животот, насекаде во Македонија, во сите општини”, заврши Спасов.