Над 220.000 посети на џоб маркет 

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на советувањето на тема „Како до поголема вработливост на студентите и дипломците?“, поддржано од проектот „Градење капацитети за поголема вработливост“ при што посочи дека за младиот човек доаѓањето до посакуваното работно место е предизвик, дека до него се стигнува со континуирана надградба, но и дека формалното образование не е доволно за да се биде конкурентен на пазарот на трудот, туку потребно е континуирано надградување на личните способности и вештини.


“Како ресорен министер должен сум да ги споменам политиките на Владата на Република Македонија на ова поле. Тоа е осмислување и примена на комплексно усогласени мерки заради побрзо вклучување на младите на пазарот на трудот, како и обезбедување  на полесна транзиција на младите  од училиште на работа. Во овој контекст ќе го споменам  Акцискиот план за вработување на млади кој е насочен кон зајакнување на политиките за вработување вклучувајќи ги и програмите во образованието, обуката, надградбата и стекнување на нови вештини, и тоа се со цел да ги зголемат своите можности за работа и вклучување во општествените текови. Воедно и во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2014 години, предвиден е опфат на младите лица до 29 години, според кој во 2013 година беа опфатени 2.829 млади лица”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во неговото денешно обраќање и продолжи:  

“Со програмата за практикантство која е дел од оперативните планови за активни програми и мерки за вработување се овозможува младите побрзо да се стекнат со искуство на работно место и побрзо да се вработат по завршување на формалното образование. Оваа Програма се имплементира од 2007 година и во истата учествувале 1.295 млади лица. 
Од 2014 година ја имплементираме и Програмата–Прва Шанса со која им се овозможува на невработени лица со завршено високо образование до 29-годишна возраст да се стекнат со одредени практични знаења и вештини и да станат конкурентни на пазарот на труд. За оваа Програма се врши субвенционирање на вработувањето по моделот 3+6, кој предвидува 3 месеци субвенционирано вработување со полно работно време и 6 месеци обврска на работодавачите да го задржи на работа или на негово место да вработи друго невработено лице, а приоритет ќе имаат невработените лица кои завршиле практична настава кај соодветниот работодавач”. 

Министерот Спасов рече дека младите имаат посебен приоритет и учеството во најуспешните мерки како што се Програмата за самовработување. 

“Целта на програмата е намалување на невработеноста преку започнување на сопствени бизниси. За реализација на секое самовработување се обезбедува поддршка со неповратни средства во висина на 200 000 денари за реализација на својата бизнис идеја. Вкупиот број на учесници во Програмата изнесува 5.806 лица и заклучно со 2013 година 5.798 лица се директно вработени. Со програмата за субвенционирано вработување со која се врши стимулирање на побарувачката на работна сила и вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот се обезбедува финансиска поддршка за секое вработено лице за плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци, а со обврска за работодавачот да го задржи на работа плус 12 месеци. Од 2007 до 2013 година во Програмата учествувале 4.865 лица и се постигнати 4.807 вработувања”, информираше министерот за труд и социјална пилитика Диме Спасов.

Тој уште рече дека водејќи се од мотото дека “имањето информација ја одредува  иднината” министерството вложува  напори секогаш на младите да им понуди брза, навремена и релевантна информација. Во таа насока, направен е нов веб сервис на Агенцијата за вработување, во кој е интегрирана понудата на слободни работни места, сите отворени огласи за вработување, при што во реално време невработените не само што можат да дојдат до навремена информација и да пребаруваат кој можности за работа им се на располагање, туку и можат да аплицираат.  
“Од неодамна започнавме  и младите невработени лица регистрирани во АВРМ, да ги известуваме со СМС пораки со инфо содржина на многу теми, од активни јавни огласи за активните мерки во кои можат да се вклучат и огласи од приватните компани на кои може да аплицираат, до покани за обуки во Работните клубови. Се трудиме преку употреба на современата технологија да го обезбедиме наједноставниот и најпрактичниот начин до брз пристап до она што ќе ги мотивира младите. Во употреба е и мобилната апликација prv.mk преку која младите лица се информираат за слободни работни места, можностите за пракса или волонтирање”, истакна Спасов.  

Исто така, Спасов посочи дека мисијата на министерството и на Владата е создавање на можности и за работодавачите кога е во прашање вработувањето на младите за што беа преземени низа активности за зголемување на информираноста на работодавачите за активните мерки и состојбата на пазарот на трудот и можностите на пазарот на трудот. 

“Последна во низата мерки за поттикнување на вработувањето на невработени млади лица во Република Македонија е можноста за ослободување од плаќање на социјални придонеси на работодавачите кои ќе вработат лице до 29 години. Со оваа можност, работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработени лица до 29 години возраст со полно работно време, ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување  и тоа: придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за осигурување во случај на невработеност.

Покрај ослободувањето од социјалните придонеси работодавачот е ослободен и од плаќање на персонален данок на доход за тоа лице. Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат: 27 % по основ на социјалните придонеси и 10% персонален данок на доход, односно ослободување од 37% до  просечна бруто плата.Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци, по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање придонеси од  задолжително социјално осигурување.Целна група која може да се опфати со оваа мерка се околу 45.000 млади невработени лица до 29 години коишто се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување, од кои околу 25.000 лица се изјасниле дека се активни баратели на работа и околу 20. 000 лица се пасивни баратели на работа”, информираше Спасов и заклучи: 

“Темата на денешното советувањето е „Како до поголема вработeност на студентите и дипломците?“. Дел од одговорот на ова прашање го образложив претходно, но попатно, сакам да потенцирам дека Владата на Република Македонија и натаму ќе креира политики наменети за поголема вклученост на младите на пазарот на труд. Како одговорни субјекти тежнееме да осигураме   економска независност на младиот човек и да му помогнеме да го  пронајде своето место во општеството. Тоа е столбот на секој држава која се грижи за својата иднина”.

Спасов им изрази благодарност на меѓународните партнери коишто даваат поддршка за ваквите и слични проекти како што е проектот „Градење капацитети за поголема вработеност“ којшто е поддржан од Амбасадата на Кралството Велика Британија и Северна Ирска.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }