Воведен е додатокот за глуви, започна реализацијата

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари работна средба со претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви Васко Марков и членови на Сојузот.

Пред присутните,  Спасов образложи дека правата на лицата со инвалидност е меѓу приоритетите на министерството за труд и социјална политика. 

Во тој контекст е и остварувањето на правото на надоместок  за глувост, кој е воведен од 1 јануари 2014  со кој ќе се овозможи полесна социјална интеграција на овие лица. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се отворат можности за зголемување на ова право.

За  олеснување на комуникацијата и секојдневните потреби на глувите лица се спроведува обука  за знаковен јазик на фармацевти,  која започна во декември 2013, а ќе трае до март 2014 година и низ која минале 120 лица.

Спасов ги информираше присутните дека траат и обуките  за толкувачи на знаковен јазик, која ја спроведува Комисијата за знаковен јазик, за чија реализација министерството за 2014 година доделило 500.000 денари и се очекува обука на околу 40 нови толкувачи.

Преку огласот за вработување на 300 инвалидизирани лица, 40 глуви лица се стекнале со вработување. Од исклучителна важност за овие лица е овозможување на пристап до пазарот на трудот.

На крајот, министерот Диме Спасов нагласи дека во иднина ќе се разговара за унапредување на сите права за глувите лица.