Мерките за вработување од Оперативниот план даваат солидни реузлтати

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување Скопје Слободанка Алексовска  го посетија Друштвото за производство, трговија и услуги “Балкан флорс” ДОО Скопје кое што е корисник на мерката кредитирање на правни субјекти.

Имено, анализите на терен покажуваат дека ефектите од програмите на Владата за вработување се големи. 

“Мерките за вработување преку програмите Македонија вработува 1 и 2 и Оперативните програми вродија со добар резултат, но тоа не значи дека тука ќе застанеме. Конкурсите кои излегоа пред некој ден во делот на субвенционирано вработување и кредитирање покажуваат дека сме на добар пат да постигнеме одлични резултати, но сепак тоа во многу ќе зависи и од политичката ситуација”, изјави Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски посочи дека мерките што ги практикува АВРМ од 2007 година даваат се повеќе резултати. Од 2008 година, од кога Агенцијата почна со кредитирање за самовработување, до сега, како што кажа, се затворени околу 35 отсто од фирмите кои биле отворени, но луѓето  кои ги отвориле фирмите не се невработени, туку се вработиле во други фирми.

“Пред нас е успешен пример кој во 2015 година го започнал бизнисот како едно лице со кредитирање, а сега веќе има дополнителни три врабтувања од кои две со мерката за кредитирање и за дополнително вработување во отворена фирма. Воедно, ја користи и можноста за ослободување од придонеси според Македонија вработува 2 и на тој начин постигнува зголемување на бројот на вработени во неговата фирма, но го зголемува и бројот на вработени во земјава”, изјави Поповски.

На отворените огласи што почнаа во јануари и февруари годинава до вчера се поднесени 902 пријави. Од понеделник почнува пополнувањето на прашалниците и сите кои ќе имаат квалитетни одговори ќе бидат селектирани за понатамошното учество во обука за претприемништво, а потоа и за  изработка на бизнис план заедно со менторот кој ќе го изберат врз основа  на ваучер системот од АВРМ.

Над 546 млади лица поднесоа апликации за практиканство или за прво работно искуство, а 426 фирми за 756 млади лица побараа да ги земат на практична работа и да им понудат можност за да остварат работно искуство, рече Поповски и додаде дека за само три дена има и седум апликации за кредитирање. 

Раководителката на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Аелксовска ги повика сите невработени,  особено младите до 29 години да аплицираат за мерката самовработување со кредитирање.

“Досега над 460 компании се отворени од млади лица до 29 години и над 550 лица се вработени преку оваа мерка. Можностите за младите се поволни и за нив се исплаќаат повисоки средства. Кредитобарателот зема повисоки средства и секое вработување на младо лице до 29 години носи дополнителни 1.000 евра што значи дека за секое лице се добиваат по 4.000 евра и може да се поддржи бизнис најмногу до 23.000 евра прекукредит кој се враќа со поволна камат настапка од 1 отсто и има грејс период”, рече Алексовска.

Сопственикот на “Балкан флорс”, Јован Нелоски нагласи дека фирмата ја основал пред речиси две години со самовработување во Охрид по што се решил бизнисот да го прошири во Скопје со дополнителните мерки  за вработување на лица до 29 години и за вработување на лице над 50 години.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }