МТСП ги зголемува капацитетите за згрижување и воспитување на деца

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски го пуштија во употреба новиот објект за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „Росица“ во Општина Ѓорче Петров.

Во своето обраќање пред присутните министерот Спасов рече дека градинката е реализација на проект кој е предизборно ветување на Владата на Република Македонија и за него Министерството одвоило околу четири милиони денари.

Спасов нагласи дека станува збор за целосна адаптација и опремување на објектот којшто изминатите месеци e комплетно реновиран и само за неколку месеци од еден руиниран објект којшто немаше никаква употреблива  вредност, истиот е реновиран и преадаптиран и опремен со современа опрема и од наредната недела веќе се очекува да започне и да функционира. Со овој проект значително се зголемува капацитетот за згрижување и воспитување на деца, од предучилишна возраст во Општина Ѓорче Петров.  

“Владата на Република Македонија е насочена кон создавање на нови капацитети, нови детски градинки во сите општини во Македонија, а особено во руралните делови од државата. Со посебен фокус сме насочени во општините во градот Скопје, каде што побарувачката е многу поголема, каде што родителите имаат желба да ги сместат своите деца во градинките, а нема доволно капацитети и токму поради тоа ќе бидеме насочени кон создавање на нови објекти”, истакна Спасов. 

Тој најави отворање на нов објект во општината, односно во населбата Волково за кој, подвлече, сѐ уште се во преговори со сопствениците на објектот и дека многу лесно и брзо ќе се преадаптира во градинка. Градоначалникот Митровски потсети дека општината заедно со Министерството за труд и социјална политика досега имаат реализирано повеќе вакви проекти, како што се градинката во населбата „Даме Груев“ со капацитет за 300 деца, како и други проширувања на градинки како клонови на постоечките.

“Денеска од еден руиниран објект, направивме градинка која е за респект и почитување со сите стандарди. Тоа што го нуди градинката претставува една од најмодерните и нјасовремените градинки во општината Ѓорче Петров”рече Митровски.

Во градинката која е со капацитет за 50 деца, има две занимални, просторија за негувателки, како и кујна. Дворот е опремен со различни едукативни реквизити за деца од предучилишна возраст

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }