Професионалните компетенции на воспитувачите во предучилишното образование се клучни за предучилишното образование

СКОПЈЕ, 16 ноември 2018: Министерката за труд и социјална политика, г-а Мила Царовска, министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми, заменик амбасадорот на Велика Британија во земјата г. Доминик Отвеј и претставникот на УНИЦЕФ, г. Бенџамин Перкс денес ја отворија стратешката работилница за отпочнување на систематски процес за дефинирање на професионалните компетенции на воспитувачите во предучилишното образование.

Иницијативата е дел од реформата на системот за предучилишно образование со цел да се зголеми пристапот до квалитетно предучилишно образование. Иницијативата предвидува, покрај зголемување на понудата на предучилишни услуги, и други промени со кои ќе им се овозможи на воспитувачите на деца од предучилишна возраст да обезбедат квалитетно образование и грижа во раното детство.

"Оваа работилница е само уште еден показател на силната политичката волја предучилишното образование во Македонија да се реорганизира и да стане поквалитетно. Според сите меѓународни истражувања најважен е раниот детски развој и децата коишто имаат рано учење понатаму во образовниот процес развиваат подобри перформанси. Затоа го започнуваме овој процес со кој ќе ги јакнеме професионалните компетенции на воспитувачите и негователите. Истовремено го прошируваме капацитетот на градинките, затоа што целта на владата е во следните 4 години опфатот на деца коишто одат во градинка да се зголеми на 50%,“ рече г-а Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика

Развојот во науката покажува дека пристапот до квалитетни програми за ран детски развој и учење е од клучно значење за доживотното учење. Земајќи го ова во предвид Владата се заложи да го зголеми процентот на деца опфатени во предучилишно образование за 50 проценти во период од 4 години." Ќе работиме на изготвување нормативи за дидактички материјали и обезбедување на тие дидактички материјали; ревизија на системот за водење на педагошка евиденција и обуки за воспитувачите за што веќе е изготвена и усвоена соодветна Програма за обука. Ќе работиме и на развивање и воведување на професионални стандарди и работни профили за воспитувачи, негуватели, стручни работници, стручни соработници и раководители на предучилишните установи,“ рече г. Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Оваа работилница ќе придонесе да се забрза напредокот кон достигнување опфат до квалитетно предучилишно образование од 95 проценти колку што е и таргетот на Европската унија.  Дефинирањето на професионалните компетенции на воспитувачите во предучилишното образование е прв чекор кон подобрување на капацитетите за обезбедување квалитетно образование во раното детство. Тие ќе послужат за проценка на тековните капацитети на воспитувачите да обезбедат наставна програма базирана на игри, а потоа ќе се користат за изработка на модули за обука што ќе се спроведат во сите предучилишни установи низ целата земја.

" Од суштинска важност е децата да одат на училиште со соодветен начин на размислување и ресурси кои ќе им овозможат да добијат најмногу што може од своето образование. Подоброто образование во раното детство води кон подобар успех на училиште и во текот на една генерација води кон зголемена стабилност и просперитет,“ рече г. Доминик Отвеј, заменик амбасадор, Британска амбасада.

Досега земјата презеде неколку иницијативи за подобрување на педагошката практика на воспитувачите во предучилишното образование, но недостасува системски пристап во обезбедување континуиран професионален развој. Дефинирањето на тоа кои компетенции се неопходни за грижа и образование во раното детство, со цел сите воспитувачи што работат со мали деца да ги имаат потребните знаења и вештини за задоволување на развојните потреби на децата – е клучно за професионалниот развој на воспитувачите.

"Родителството и квалитетното предучилишно образование се можеби двете најважни работи што влијаат на човековиот позитивен развој. Искуствата во раното детство ги одредуваат когнитивните, емотивните и социјалните способности и личноста на поединецот во текот на целиот негов живот ", рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

За време на работилницата, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Светската банка, Европската делегација, Бирото за развој на образованието, факултетите за обука на наставници, практичарите од градинките и граѓанските организации, ќе работат на воспоставување заедничка рамка за дефинирање на компетенциите и професионалните вредности на предучилишните воспитувачи и идентификување на континуирани можности за професионален развој за поддршка на воспитувачите во постигнувањето на професионалните компетенции.

Присутните ќе се вклучат и во експертска дискусија за предложените амандмани на Законот за детска заштита во делот за професионално усовршување и континуиран развој на вработените во предучилишните установи.

Работилницата се организира како дел од иницијативата поддржана од УНИЦЕФ за подобрување на пристапот до квалитетно инклузивно образование во раното детство и се спроведува како дел од  проектот „Основи на иднината – превенција на конфликти преку социјално вклучување и разновидност“ финансиран преку фондовите за програмска поддршка од Британската Влада.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }