Промоција на Македонија на состанокот во Европската агенија за безбедност и здравје при работа, Билбао, Шпанија

Европската агенија за безбедност и здравје при работа ( European Agency for Safety and Health at Work ) EU-OSHA, ја покани проф. д-р Јованка Бислимовска, претседател на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, како гостин-спикер на состанокот на национални претставници на 33 земји-членки и кандидати за членство во ЕУ како и претставници на Европската  комисија и Европски борд на работници и работодавачи. На состанокот  одржан на 21-22 ноември, во Билбао Шпанија, проф. Бислимовска ја претстави активноста и резултатите на Мрежата на 9 земји на Југоисточна Европа за здравјето на работниците,поддржана од Светска здравствена организација, чиј координатор е Македонија, а задолжена институција е Институтот за медицина на трудот на РМ, СЗО Колаборативен центар, Скопје. Покрај ова, во рамките на своето излагање, проф.Бислимовска, промовирајќи го македонското искуство, упати повик до претставници на Европската Агенција за БЗР, да се вклучат во заеднички акции со Светска здравствена организација, во борбата  против климатските промени во интерес на заштита на здравјето на работниците во Европа согласно Целите на одржлив развој на УН Агендата  2030.