Јавени повик

Во рамките на проектот „Креативни и едукативни активности за поддршка на деца во мали групни домови и поправни установи во период на самоизолација предизвикана од Ковид 19“ поддржан од УНИЦЕФ канцеларијата во Скопје, финансиран од УСАИД, кој го спроведува ХОПС, објавуваме:

Повик за ангажирање лица за поддршка на работењето на Јавната установа за згрижување деца – Служба за заедничко живеење на деца со нарушено поведение и на Јавната установа Детски дом 11 Октомври, Скопје

Цел: Обезбедување и спроведување активности за децата сместени во малите групни домови.

Работни задачи:

Помага при вршење прием на корисник на услуги во мал групен дом, воспоставува врска нa доверба и сигурност;

Го организира секојдневното живеење на корисниците на услуги, работи на создавање здрави животни навики, на осамостојување и стекнување конкретни вештини;

Води комплетна документација, ги поддржува корисниците во воспитно-образовниот процес, презема чекори за обезбедување нивна здравствена заштита;

Осигурува дека се почитуваат мерките на Владата во поглед на справување со КОВИД-19;

Го стимулира и поттикнува интелектуалниот капацитет на корисниците, влијае на развојната динамика на личноста;Врши надгледување на дневните активности и рутини на децата;

Oбезбедувa можности за негување на личните вештини и интереси на децата;

Oрганизира разни друштвено-рекреативни активности, следејќи ги мерките за заштитаОбезбедува поддршка за одржување редовен контакт со центрите за социјална работа со цел поттикнување и олеснување на контактот со биолошкото семејство/старателите на детето.

Профил и квалификации:

Завршено релевантно образование во областа на социјалната работа, психологија, педагогија, дефектологија;

Возачка дозвола;

Познавање на системот за социјална заштита во Република Северна Македонија (права и институции од системот на социјална заштита);

Познавање на системот на детска заштита во Република Северна Македонија;

Капацитет за работа под притисок;

Способност за работа во тим;

Флексибилност и достапност за работа во различни смени и за време на викенди.

Искуство:Најмалку една година релевантно работно искуство.

Времетраење на договор: 3 месеци – со можност за продолжување.

Месечен паричен надоместок: 30 470 мкд – бруто износ.

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат своја кратка биографија (CV) и писмо за мотивација на следната е-маил адреса: silvanan@hops.org.mk, не подоцна од 30.04.2020 до 16 часот.

Лицата кои ќе бидат селектирани ќе бидат поканети на понатамошно интервју.

Линк до оглас: 

https://hops.org.mk/povik-za-angazhiranje-lica/?fbclid=IwAR2s8foSRYjfYGiBOy6VZwIgQ0E8cRS_r0EtPWQbpXbSiwtLJEaSl9k-ysQ

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }