Друштвото на писателите на Македонија донираше книги за социјално ранливите категории

Друштвото на писателите на Македонија ја поддржа акцијата на Министерството за труд и социјална политика „Подари книга“ за социјално ранливите категории. Тие подарија колекција од книги во која беа донирани книги од нивни членови, а најавуваат дека ќе продолжат и понатаму со поддршка на акцијата.

"Друштвото на писателите на Македонија се вклучи во акцијата „Подари книга“ на МТСП пред се заради фактот дека таа е во духот на нашата перманентна грижа за ширење на кругот на читателите. А додатен извонредно силен мотив е и фактот дека акцијата е во функција на задоволување на потребите на социјално загрозените лица и семејства. Во оваа смисла ДПМ по пат на донација на нашите членови веќе формира една колекција од книги од областа на белетристиката, светската класика, лектирни изданија, поетски и прозни книги, како и дела посветени на најмладите читатели", истакна Веле Смилевски претседател на ДПМ.

Тој посочи дека во домот на македоските писатели формирана е и посебна библиотека со симболичен наслов „ Подари книга“ која постојано ќе биде надополнувана со нови наслови од библиотеките и од творечките лаборатории на членовите на македонската писателска асоцијација.

Целата на оваа акција  е книгата да допре и до најранливите категории на граѓани кои не можат да си ја овозможат истата.

На веб сајтот на МТСП веќе има список на донирани книги и досега се донирани 1080 книги, а како донатори се јавиле 355 субјекти меѓу кои издавачки куќи, поединци, видни личности.
Целосен список на донираните книги кој редовно се ажурира е објавен на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Тој список е достапен на сите заинтересирани граѓани кои се евидентирани во системот на социјална и детска заштита, а коишто имаат потреба од одреден наслов.

Овие лица ќе можат да се пријават како баратели на книги во триесетте Центри за социјална работа. Задолжени лица во министерството по претходно добиени податоци од Центрите вршат поврзување на донацијата со барателот кој има потреба од неа. Потоа, Македонска пошта ќе врши бесплатна достава на  книгата до барателот. Оваа услуга ќе се врши по принципот “ Кој прв се јави, тој прв ќе биде услужен“.

Проектот „Подари книга“ за лицата од социјално ранливите категории има и своја фејсбук фан пејџ, каде граѓаните ќе можат во иднина да се информираат.
Сите заинтересирани субјекти книгите можат да ги донираат во филијалите на  Македонска пошта, Центрите за социјална работа, во детските градинки, а пунктови постојат и во книжарниците „Матица“ и „Просветно дело“.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }