Конференција на високо ниво за вештини за иднината – Западен Балкан и Турција– настан за проверка на проектот “FRAME“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, на 6.10.2014 година учествуваше на Конференцијата на високо ниво за вештини за иднината–Западен Балкан и Турција–настан за проверка на проектот “FRAME“ на Европската фондација за обука (ETF), којa што се одржува во Тирана, Албанија.

На конференцијата учествуваа министри за образование и вработување од Југоисточна Европа и Турција заедно со водачите на политики од институциите на ЕУ и други меѓународни организации, како и европските и регионалните социјални партнери, со цел размена на мислења и споделување на искуства за нивните долгорочни визии за вештините и за напорите за прилагодување на политиките за вештини и системите за човечки ресурси.

На оваа конференција на високо ниво ќе се изврши проверка на резултатите на проектот “FRAME” и ќе се понуди можност за дискутирање на можните следни заеднички чекори.

Покрај, преглед на постигнувањата на земјите во однос на нивните визии и политики за вештини, на Конференцијата ќе се идентификуваат следните чекори и ќе се направи осврт на областите во коишто е потребно подобрување.

Конференцијата претставува одлична можност за министрите и другите учесници да дискутираат за тоа како политиките за вештини, инструментите и добрите практики можат да се употребат за да се поттикне конкурентноста, вработувањето и социјалната вклученост, како и за тоа како регионалната соработка може да доведе до резултати во однос на заедничките прашања.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }