Нови можности за децата од социјално ранливите категории 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска потпиша Меморандум за соработка со претставниците на Македонската кошаркарска федерација, Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Карате федерацијата на Македонија со кои на сите деца од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, како и децата корисници на посебен и детски додаток да имаат можност бесплатно да спортуваат во клубовите кои се членки на овие федерации.


 

"Со денешниот Меморандум за соработка им овозможуваме на овие деца  бесплатно да можат да спортуваат, им даваме шанса да успеаат на сите оние кои имаат талент, сакаат да напредуваат и да го дадат својот максимум во тренинг натпревари и градење на спортската кариера", рече министерот Спасов. Министерот Спасов изрази надеж дека на оваа иницијатива ќе одговорат сите федерации во Македонија со цел, како што рече, да им се даде поддршка на што е можно поголем број деца од овие семејства кои се во социјален ризик да спортуваат бесплатно различни спортови. Министерот за труд и социјална политика додаде дека како дополнителна поддршка на овие деца ќе биде и доделувањето спортска опрема.

"Имавме неколку акции преку кои обезбедуваме спортска опрема која е запленета од Царинската управа, кои се од познати брендови. Изменети се законите и наместо да се уништува оваа опрема, таа се дебрендира и се става на располагање на социјалноранливите категории граѓани", рече Спасов. И натаму, потенцира, сме во контакт со Царинската управа и Агенцијата за запленет имот запленетата опрема да се става на располагање на овие деца. За да можат да обезбедат бесплатни тренинзи треба да обезбедат потврда од центрите за социјална работа дека спаѓаат во одредена категорија наведена во самиот Меморандум.

Претходно ваков Меморандум потпишаа и Фудбалската и Пливачката федерација на Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }