Промовиран реновираниот центар за социјална работа, отворен Центар за социјални услуги и Центар за ран детски развој во Пробиштип


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ја посети општина Пробиштип, при што оствари работна средба со градоначалникот на општината, Тони Тоневски.


Во рамки на посетата, Спасов го посети новоотворениот Центар за социјални услуги,  проект кој го реализира Општина Пробиштип со Германско друштво за интернационална соработка ГИЗ во соработка со МТСП и Завод за социјални дејности. Овој центар има за цел да придонесе кон јакнење на социјалната функција на општината во согледување на потребите на граганите и грижата и помошта на оние лица, семејства и општествени групи кои се засегнати од одредени социјални ризици.

Спасов го посети реконструираниот Центар за социјални работи-Пробиштип и во изјава за медиумите истакна: “Станува збор за објект кој не е реновиран повеќе децении, и реновирана е цела нова инсталација и нова фасада, врати, прозорци и опрема за работа на вработените со што значително се подобрени условите за работа и прием на граѓаните за остварување на своите права и услуги во рамките на Центарот за социјална работа, со што се подобруваат квалитетот на услугите што ги даваме како институци“.

 

Во село Ратавица, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општината, Тони Тоневски и претставникот на УНИЦЕФ, Бертран Демулен го отворија Центарот за ран детски развој. Центарот за ран детски развој ,,Јаготка” е во состав на  ЈОУГД  ,,Гоце Делчев” општина Пробиштип, во Подрачното училиште ,, Браќа Миладиновци” во с. Ратавица, општина Пробиштип.

Во обраќањето пред присутните Спасов истакна целта е да се зголеми што повеќе опфатот на деца и во градските но и во руралните средини ширум земјата. За таа цел министерството работи посветено на отворање на градинки во други просторни услови во средини каде досега воопшто немало. Тој се заблагодари на соработката со УНИЦЕФ, со кои до сега се отворени 24 центри за ран детски развој. Центарот за ран детски развој во с.Ратавица е опремен со соодветна опрема за возраста на децата и соодветни дидактички средства и материјали за работа со деца на предучилишна возраст. Планираниот број на деца кои ќе бидат опфатени со згрижување и воспитание е 14 деца, во една комбинирана воспитна група на возраст од 3-6 години, со престој од три часа дневно, без обезбедена исхрана на децата. Просторот е пренаменет, адаптиран и опремен за престој на деца од предучилишна возраст согласно Правилникот за нормативи и стандарди за установите за деца, со поддршка од УНИЦЕФ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }