Проект Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места


Цел на Проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места е да се стимулираат заинтересираните претпријатија да отвораат нови работни места за што се поддржани со кредит во износ од 3.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице (за максимум 3 лица или вкупно 9.000 евра) со грејс период од една година и каматна стапка од 1%.


Пријава за учество во овој проект може да достави и невработено лице кое е евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како лице кое активно бара работа најмалку 1 ден пред објавување на Јавниот оглас, и не бил во работен однос најмалку 3 месеци до денот на објавување на јавниот оглас.


Рок на враќање на кредитот е 2 години по завршување на грејс периодот.

Проект Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за лица до 29 годишна возраст


Цел на Проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места е да се стимулираат заинтересираните претпријатија да отвораат нови работни места за млади лица до 29 години за што се  поддржани со кредит во износ од 4.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 4.000 евра по лице (за максимум 3 лица или вкупно 12.000 евра) со грејс период од една година и каматна стапка од 1%.


Пријава за учество во овој проект може да достави и невработено лице кое е евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како лице кое активно бара работа најмалку 1 ден пред објавување на Јавниот оглас, и не бил во работен однос најмалку 3 месеци до денот на објавување на јавниот оглас.


Правниот субјект кој ќе вработи невработено младо лице до 29 години со полно работно време , има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос. 


Рок на враќање на кредитот е 2 години по завршување на грејс периодот. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }