Микрофинансирање и социјално претприемништво

Информации за финансиските институции

Европската комисија не ги финансира директно претприемачите и социјалните претпријатија, туку им овозможува на селектирани провајдери на микро-кредити (финансиски посредници) да го зголемат кредитирањето на претприемачите и социјалните претпријатија.

Конкретни цели

  •      Полесен пристап до микро-кредити и микро-заеми за микро-претпријатијата и за припадниците на ранливите групи кои сакаат да започнат сопствен бизнис;
  •      Градење на капацитетите на провајдерите на микро-кредити;
  •      Поттикнување на развој на социјалните претпријатија, особено преку полесен пристап до финансии.

Покрај поддршка на микрокредитирањето, потпрограмата овозможува:

  •      финансирање на зајакнувањето на капацитетите на институциите за микрофинансирање. На пример, за да одговори на зголемената побарувачка на микрокредити, институцијата за микрофинансирање може да има потреба од воведување на ИТ систем или потреба да вработи службеници за заеми. Овие потреби може да се финансираат преку ЕаСи.
  •      вложувања за развој и раст на социјалните претпријатија (бизниси чија главна цел е социјална, а не поделба на профитот на сопствениците). Вкупниот износ којшто социјалниот претприемач може да го прими е 500.000 евра со почитување на правилата за државна помош. Поддршката од програмата ќе се ограничи на претпријатијата кои не се котирани на берза, со годишен промет или годишен биланс на состојба кој не надминува 30 мил. евра.

Како се имплементира?

Потпрограмата, во име на Европската комисија ја управува Европскиот инвестициски фонд (European Investment Fund – EIF).

Потпрограмата, т.е. поконкретно Финансискиот инструмент за издавање гаранции  (EaSi Guarantee Financial Instrument) е активен од 24.6.2015, кога се објави Повикот за пројавување  интерес за избор на финансиски посредници за имплементација на инструментот. Преку овој инструмент, Европскиот инвестициски фонд нуди гаранции со одобрен рамковен лимит и контра гаранции на финансиските посредници кои ќе аплицираат на Повикот за пројавување  интерес и кои ќе бидат селектирани од страна на Европскиот инвестициски фонд. Овој механизам на поделба на ризикот помеѓу финансиските посредници и Европската комисија, им овозможува на селектираните провајдери  да го прошират опсегот на претпријатија што може да ги финансираат, а со тоа и да се олесни пристапот до финансии за таргет групите кои се соочуваат со потешкотии во пристапот до комерцијални кредити.

Гаранциите и контра гаранциите се издаваат на финансиските посредници за обезбедување на портфолиата на заеми за микрофинансирање и социјално претприемништво:

Финансиски посредници може да бидат јавни и приватни институции, со седиште во земјите учеснички во ЕаСи програмата (Земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство).

Примери на финансиски посредници за микрофинансирање: финансиски институции, микрофинансиски институции, гаранциски институции, компании што се занимаваат со лизинг и др. организации, што согласно националното законодавство даваат микрозаеми/гаранции или други структури за поделба на ризикот.

Примери на финансиски посредници во областа социјалното претприемништво: финансиски институции, гаранциски институции, фондации, фондови за социјални инвестиции и други институции што согласно националното законодавство даваат заеми/гаранции или други структури за поделба на ризикот.

Организациите што ќе аплицираат ќе бидат оценувани и селектирани од Европскиот инвестициски фонд според следниве поважни критериуми:

Квалитет на содржината на апликацијата  (1) финансиски капацитет на апликантот, 2) оперативен капацитет и способност за оценка и управување со ризиците, 3) абсорпциски капацитет (способност да обезбеди финансирање на крајните корисници во однапред договорена временска рамка и способност да ги почитува обврските од договорот што ќе го склучи со Европскиот инвестициски фонд), 4) способност на апликантот да обезбеди информации за анализа на неговите минати и идни активности, 5) способност на небанкарските институции за придржување до Европскиот кодекс за добро однесување  при обезбедување на микрокредити, 6) способност самиот или преку надворешни провајдери да спроведе програми за обуки и менторство на крајните корисници.

Очекувано влијание на апликацијата (обем на микрофинансирање и подобар пристап до финансии за крајните корисници, географска покриеност, категоријата на корисници што се поддржува, итн.).

Условите и документите за аплицирање може да се преземат од веб страницата на Европскиот инвестициски фонд:

http://www.eif.org/what_we_do/microfinance/easi/index.htm

Повикот за пројавување интерес е отворен до 30.9.2023.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }