“ДЕН ЗА ВАС” поголема транспарентост и информираност за правата од пензиско и инвалидско осигурување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ВД директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), Амет Даути и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Булент Дервиши  го  посетија пунктот од каде што започнува новиот циклус на активности во рамките на Проектот „Ден за Вас“.

Министерот Диме Спасов посочи дека една од програмските цели на Владата на Република Македонија е олеснување на пристапот на граѓаните до институциите со што се подигнува ефикасноста на јавната администрација. Па така, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) од 2012 година наваму ја реализираат активноста “ДЕН ЗА ВАС”, а од овој викенд се започнува со нов циклус, кој и натаму ќе биде ден посветен на граѓаните и на нивните права од пензиското и инвалидското осигурување. 

“Основната цел на оваа активност е осигурениците, односно работниците преку непосредни прашања со вработените од Министерството за труд и социјална политика,  Фондот  на ПИОМ и МАПАС  да добијат одговори на прашања од пензиското и инвалидското осигурување. Ова од причини што според сите досегашни согледувања и анализи во однос на информираноста на граѓаните за начинот и постапката за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, се утврди дека постои потреба од поголема транспарентност и едукација на јавноста во оваа област”, рече Спасов и продолжи:

“Познато е дека пензиското и инвалидското осигурување станува интересно прашање за осигурениците, односно работниците дури кога тие ќе ги исполнат условите за остварување на право на пензија, и тогаш се соочуваат со прашања за пензискиот стаж и платите од коишто, пак, непосредно зависи и висината на пензијата. Од друга страна, честа е појавата на потребата од вклучување на повеќе сегменти од пензискиот систем во постапката за остварување на правото на пензија, како што се примена на билатерален договор за социјално осигурување или уплата на придонес за пензиски стаж и слично, со што има потреба од разјаснување на дополнителни прашања при остварувањето на правото на пензија”.

Активноста „Ден за вас“ започна во Скопје, и во рамките на истата граѓаните можеа да извршат проверка за нивниот стаж на осигурување и плати и други податоци од пензиското осигурување и да добијат известување во хартиена форма. Исто така, можеа и да се информираат со вработените од овие институции за сите прашања поврзани со првиот и вториот пензиски столб. 

Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период и тоа во следните градови: Штип, Гостивар, Струга, Куманово, Велес, Охрид, Битола,  Прилеп и други градови.“Исто така, сакам да најавам дека преку донесените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување Фондот на ПИОМ од следната година има обврска да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник” рече Спасов.

За почеток овие податоци ќе се доставуваат по електронски пат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување на податоци кои се водат во матичната евиденција на Фондот. Од јуни 2015 година Фондот ќе има законска обврска да овозможи електронски пристап (online пристап) во увидот на податоците за стаж и плати, на ист начин како што на пример во моментов се врши проверка на трансакциската сметка во банка. Во целиот процес ќе се применуваат прописите со коишто се уредува заштитата на личните податоци.

Со постојаната информираност на осигурениците за податоците за стаж и плати ќе се овозможи навремено корегирање на евентуалните нецелосни или погрешни податоци коишто ги води Фондот на ПИОМ, а во иднина дополнително ќе се зголеми и ефикасноста во донесувањето на решенија за правата од пензиското и инвалидското осигурување бидејќи податоците за стаж и плати ќе бидат целосни и точни.

Осигуреникот ќе има увид во неговите плати и стаж на осигурување, особено во делот дали е пријавен со полно работно време или помалку од полното работно време и дали му се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување на најниска основица или на реално исплатена плата.

“Преку овој проект се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на коишто ќе ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување, како и ефективно учество на институциите во комплетирањето на тие податоци. На овој начин покажуваме дека јавната администрација е сервис на граѓаните во обезбедувањето на социјалната сигурност” заврши Спасов.                                                         

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }