Интензивна поддршка за подобар живот на пензионерите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска се обрати на 19-те Републички спортски пензионерски игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Спасов на почетокот посочи дека  Сојузот во  текот на своето постоење се развил во една од најбројните организации во земјата кој достоинствено ги  промовира  и ги застапува правата и интересите на пензионерите и го поттикнува нивното интегрирање во социјалниот живот и севкупните општествени текови и дека активностите кои континуирано ги реализира и во кои ги вклучува своите членови преку организирање на различни настани од социјален, културен  и спортски карактер го прават Сојузот  жив организам каде пензионерот го добива заслуженото место и внимание.

“Организирањето на денешната манифестација по 19-ти пат покрај тоа што овозможува дружење и рекреација  на пензионерите значи и можност повеќе за споделување на искуства. Оттука, со посебно задоволство  Министерството за труд и социјална политика е покровител на  Републичките пензионерски спортски натпревари и секогаш во рамки на можностите ќе  поддржува реализација на настани и програми кои се однесуваат на пензионерите и нивните интереси” рече Спасов и продолжи: “Би сакал да истакнам дека пензионерите се значајна алка во социјалниот живот бидејќи располагаат со искуства и знаење и се директно заслужни за развојот на нашата држава. За мене како ресорен министер, соработката на државните институции со невладиниот сектор е клучен фактор во развојот на една демократска држава како што е Република Македонија, а особено кога се работи за социјалните права и интереси”.

Toj потврди дека  приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на достоинствен живот на старите лица и пензионерите, притоа се осврна и на економската криза во Европа која имаше влијание и врз социјалното осигурување, особено врз пензиите и нивната исплата во огромен број на држави. “Некои држави преземаа рестриктивни мерки во пензиското осигурување кое допринесе со намалување на правата или „замрзнување“ на висината на пензијата за неколку години. За разлика од другите држави во Република Македонија пензиите се исплатуваат редовно и се врши усогласување и континуирано зголемување.Почнувајќи од  2006 година до сега  просечната пензија се зголеми  за  62%, а најниската пензија од 2006 година до сега се зголеми за 76%. Исплатата на пензиите континуирано и постојано се врши во првата седмица од месецот, она што го ветивме го остваруваме постојано” рече Спасов.

Во 2014 година  се изврши  усогласување на пензиите за 5%, односно од март 2014 година со исплатата на февруарската пензија секој пензионер доби дополнително усогласување на пензијата од 600,00 денари. Во Управниот одбор на Фондот на ПИОМ има претставник од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.  Преку учеството во управниот одбор Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија се дел од процесот на управување со работата на Фондот на ПИОМ. Во своето излагање Спасов се осврна на низата проекти наменети за пензионерите и на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија”. 

Потребата од продолжување на овој проект произлегува и од интересот којшто корисниците на пензија го изразија со користење на услугите  минатите четири години на истиот. Проектот продолжува со негова реализација во наредниот период, при што годинава ќе бидат опфатени 5.500 пензионери и со тоа од почетокот на проектот во 2010 година па заклучно со оваа година оваа бесплатна услуга ќе ја искористат над 27.600 пензионери.

“Од следната година започнуваме со спроведување на новиот проект„ Бесплатен туристички викенд на корисници на пензија.“ Со овој проект ќе се овозможи рекреација на корисниците на пензија и нивен квалитетен социјалн живот, а истовремено ќе се развива туризмот. Преку овој проект ќе бидат опфатени до 3.000 корисници на пензија. Водиме постојана грижа за повозрасните лица со цел нивна поголема исполнетост на слободното време и поголема независност во секојдневното живеење. Поаѓајќи од потребата за оформување дневни центри за старите лица во местото на живеење,  развиваме мрежа од дневни центри како социјални сервисни служби за стари лица. Во 2014 година отворивме три дневни центри и понатаму планираме да продолжиме со истиот интензитет. Со овој проект имаме за цел да ја подобриме социјализацијата на повозрасните лица преку нивна секојдневна комуникација и дружење”, потенцираше Спасов.

Министерот истакна дека се воведени низа на поволности за отворање на приватни старски домови при што интересот за инвестирање е се поголем. Се повеќе вакви установи се отвораат, а заедно со министерството за здравство е започнат и проектот за домашна грижа на стари лица за оние коишто се во потешка здравствена положба.

Покрај другото, Владата во соработка со градот Скопје овозможи бесплатен превоз во градскиот јавен сообраќај во Скопје во вторник, петок, сабота и недела. 

Исто така, стартуван е проектот за  бесплатен викенд  еднаш во месецот за превоз на старите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите лица мажи над 64 години и жени над 62 години имаат право на бесплатен превоз во повратен правец во определен викенд во месецот.

“Сакам да потенцирам  дека и во иднина ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија не само во овие проекти, туку и во други активности со единствена цел да го подигнеме животниот стандард на пензионерите и нивното вклучување во социјалниот живот на што повисоко ниво”, рече Спасов и потенцираше: 

“Министерството за труд и социјална политика дава отворена поддршка и на сите невладини организации, општини и организации кои работат на полето на заштитата на старите лица и целосно сме подготвени за уште поинтензивна соработка со Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија”, заврши Спасов. 

На крајот тој им го честиташе Денот на независноста на сите присутни.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }