Поддршка на кампањата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот” и во детските градинки со програмата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес присуствуваше на настанот организиран од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во градинката “Весели Цветови”, општина Кисела Вода во рамки на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

Преку овој проект се врши едукација на децата во градинките за основните правила во сообраќајот.

Спасов нагласи дека преку присуството но и практично се дава поддршка на активностите во рамките на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, кампања која што има повеќегодишна традиција и која што годинава ги опфаќа и најмалите бидејќи реално и тие се учесници во сообраќајот. 

“Не само децата од оваа градинка, туку и сите други во останатите градинки во Републикава ќе имаат можност да ги посетат едукативните работилници во рамките на коишто ќе има едукативни предавања, презентација на анимиран филм, програма на децата за велосипедизам и сообраќај, како и практична обука за правилно користење на велосипед, музички и ликовни активности поврзани со темата и слично”, рече Спасов и продолжи: 

“И сето ова во организација на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а истата активност ја поддржуваме и ние и градот Скопје со една единствена цел заштита на децата во сообраќајот бидејќи сообраќајната култура и однесување се учи и се стекнува од најмали нозе”.

Запознавањето на децата со основните правила и прописи  во сообраќајот e многу важно за нив бидејќи тие се јавуваат како учесници во сообраќајот и тоа и како пешаци, но и како велосипедисти уште од најрана возраст. Иако, сето ова додека се мали е под строг надзор на родителот/старателот сепак потребно е детето да има предзнаења бидејќи секогаш може да се случат и непредвидени ситуации. 

“Едукативните предавања во градинките ќе бидат организирани во форма на сообраќајно воспитни јавни настани на коишто Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидел да присуствуваат личности од јавниот и политичкиот живот во Република Македонија. 

Исто така, свој ангажман во кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ има и локалната самоуправа преку низа активности со цел за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот преку организирање на едукативни предавање, но и уредување на сообраќајната сигнализација на пешачките премини пред детските градинки, утврдување на најбезбедна патека за децата од дома до градинката, организирање  на јавни настани на локално ниво со цел подигање на јавната свест за поголема безбедност на  сообраќајот на патиштата и слично”, потенцираше Спасов.

Тој истакна дека децата во градинките не се среќаваат за прв пат со темата безбедност во сообраќајот бидејќи во Програмата за рано учење и развој се обработува темата здравје и безбедно однесување  каде што детето се запознава и учи за да може да ги препознае штетните и опасни ситуации. Па така, според оваа Програма предвидени се таканаречени прошетки до блиската улица, именување на опасните ситуации, на што треба да внимава детето кога е на улица. Се симулира ситуација на опасност и децата се учат што треба во таков случај да направат. Очекувани резулатати од оваа активност се детето да поседува елементарни знаења за тоа кои места се опасни, кое однесување е опасно и што треба да прави во случај на опасности. 

“Во детските градинки покрај редовната програма се организираат и други институционални активности за задоволување на специфичните интереси и потреби на детето во насока на јакнење на личноста на детето и кампањите од овој тип како што е кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ секогаш ќе добиваат наша поддршка”, заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }