22.01.2024

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународен универзитет Визион и Министерство за труд и социјална политика

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и проректорот на Меѓународниот универзитет Визион, Проф. д-р Абдулмеџит Нуредин потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишувањето на овој Меморандум за соработка е резултат на заедничката заложба и интерес за развој и унапредување на практичната настава, како и со цел давање на свој придонес за зајакнување на капацитетите на високото образование преку развивање меѓусебна соработка.

Имено, Министерството за труд и социјална политика и Меѓународен Универзитет Визион меѓусебно ќе соработуваат и взаемно ќе си укажуваат помош и поддршка со цел размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри.

Соработката ќе се одвива преку различни форми на соработка, а особено преку: размена на искуства, взаемно ангажирање на кадар, унапредување на образовните и деловните процеси, планирање и заедничко организирање на научни и стручни собири,  организирање и реализирање на клиничка настава за студентите на Меѓународен Универзитет Визион, организирање и реализирање на практична настава за студентите на Меѓународен Универзитет Визион, взаемна поддршка и помош за активностите кои се од интерес на двете страни, како и преку останати активности од особен интерес на двете институции во насока кон позитивен општествен развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }