Средба на Царовска со амбасадорот Жбогар

Министерката за труд и социјална политика оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија амбасадорот Самуел Жбогар. 

Амбасадорот беше запознаен со клучните реформски приоритети и мерки кои ќе бидат преземени во наредниот период во овој владин ресор. Царовска, исто така, го информираше за законските измени на коишто се работи во моментот, за плановите за реорганизација на одредени социјални установи и за планираните чекори во насока на намалување на невработеноста.

Амбасадорот Жбогар посака успешна работа во наредниот период и изјави дека Европската унија ги поддржува реформските чекори на новата влада преку своите проекти во земјава, а Делегацијата на ЕУ е отворена за редовна соработка со Министерството.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }