ХАКАТОН - „КРЕИРАЈ ИГРИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ“ #INNO4EDU
Во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, невладината организација СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации ќе организира тридневен хакатон кој ќе се одржи од 18ти до 20ти јули во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Цалта на овој хатакон е да се придонесе во изработката на нова национална веб-платформа која ќе биде дом на голем број материјали за едукација. Платформата ќе биде место каде одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, нови начини на учење преку игра.
СмартА ги поканува сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип, кои би сакале да креираат игри наменети за најмалите да се пријават . Пријавувањето може да биде индивидуално или во тим од 3 до 5 учесници.
Пријавувањето може да се направи со пополнување на апликација на: http://skrati.mk/KreirajIgri
Крајниот рок за пријавување е 07.07.2019
Повеќе информации на https://www.faebook.com/events/420521905170127/
Повикот е отворен зa сите наставници, родители, како и за сите оние кои се инспирирани и мотивирани да придонесат кон подобрување на образованието на најмладите и да остават свој креативен белег на оваа платформа.