Министерката Ташевска-Ременски во работна посета на Прилеп

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски работната посета на Прилеп ја започна со полагање на цвеќе на споменикот на паднатите бранители по што оствари и куса средба со Здружението на бранители од Општина Прилеп и ограноците. На средбата беше договорено со претставници на Здружението да оствари средба во Министерството за труд и социјална политика на која што ќе ги изнесат нивните проблеми со коишто се соочуваат и решавање на истите.  

Министерката Ташевска-Ременски работната посета ја продолжи во Јавната општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“, каде што разговараше со в.д директорот Ирена Стерјоска-Локвенец при беше информирана дека сметката на домот е деблокирана и започнат е процесот на враќање на долговите. Министерката рече дека оваа година е предвидено  дел од Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп да се реновира, но најави и ревизија на работењето во оваа институција. Исто така, информираше дека на 14 декември минатата година во Домот за стари лица е извршен вонреден инспекциски надзор од социјалната инспкеција во Министерството за труд и социјална политика за да се утврдат стандардите и условите во кои функционира институцијата.

“Од февруари минатата година беше блокирана сметката на Домот за стари лица. Сега од 12 февруари 2016 година таа е деблокирана за повеќекратно да се плаќаат долговите. Но, тоа не го решава во целост прашањето. Ќе побараме и извештај за трошење на средствата од блок дотациите. Директорката на Домот ме информираше дека во меѓувреме е побарано Државниот завод за ревизија да направи ревизија на самофинансирачката сметка на Домот, рече Ташевска-Ременски по средбата и потенцираше:

“Врз основа на извештаите и од разговорот со директорката на Домот за стари лица, Министерството за труд и социјална политика ќе почне постапка за јавна набавка за реновирање на првиот кат од Домот. Министерството од буџетот ќе издвои средства за да се покријат дел од трошоците, а останува обврската на директорот на Домот за домаќинско работење со самофинансирачката сметка”.

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски смета дека со години во Домот не се работело домаќински, а од Министерството за овој, но и за сите домови се префлрале малку средства во блок-дотациите. Таа побара  локалната самоуправа да ја донесе годинашната програма за социјална заштита, и најави дека ќе бара од локалната самоуправа или од Фондот за здравство да се покријат трошоците за лекови на корисниците во домот кои сами си плаќаат.

“Во ред е основачот-општината или Фондот за здравство да ги моделира трошоците за лекови што ги имаат штитениците со приватно смествување. Оние, пак, кои се со решение од Центарот за социјални работи, ним им се покриени трошоците за лековите”, изјави Ташевска-Ременски.

Министерката го посети и Центарот за социјални работи во Прилеп при што се сретна со вработените и со директорот на Живко Сиљаноски. При тоа беше разговарано за тековните активности на центарот и потребите на стручниот кадар со цел подобро извршување на работата при што побара од директорот да состави стручни тимови за да им излезе поефикасно во пресрет на корисниците.

“Последниве години факт е дека во Прилеп се зголемил бројот на бракоразводните парници, а треба поефикасно да се работи на посредувањето од Центарот во помирувањето. Зголемен е и бројот на семејни насилства. Затоа стручните тимови треба поефикасно да работат во корист на штитениците, пред се на децата”, потенцираше Ташевска-Ременски.

Министерката за труд и социјална плитика рече дека ќе побара од државните институции и од Владата преку Агенцијата за запленување имот да се дадат на располагање возила на Центрите за социјални работи, затоа што има голем недостиг на возила.

Во работната посета на Прилеп на агендата на министерката Ташевска-Ременски беше и Дневниот центар за деца со посебни потреби за кој смета дека е неопходно да се зајакнат ресурсите и кадрите исто како и во Центрите за социјална работа.

На крај од работната посета министерката Ташевска-Ременски посети и семејства во социјален ризик.     

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }