Кривогаштани доби градинка за првпат

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски, денес отворија градинка во Кривогаштани, за првпат во ова населено место.

Спасов изрази задоволство што се реализира соработката на Министерството со општината за новата детска градинка.

“Се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опремаза оваа прва детска градинка во Кривогаштани. Ова е заеднички успех, зашто изнајдовме начин и средства со заедничка инвестиција од вкупно 5 милиони денари да се создаде овој нов и современ објект", изјави Спасов. Според Спасов, ова е капитален проект за општината зашто тука ќе се згрижуваат и ќе се воспитуваат децата од предучилишното образование.

“Капацитетот на градинката е за 50 деца. Со оваа градинка се создава нов капацитет во општината но и услови за правилен раст и развој на децата од предучилишната возраст. Се надевам дека наскоро овој капацитет ќе биде мал, а со општината ќе најдеме начини задруг вид соработка”, изјави Спасов.

Минатата година со помош на Министерството за труд и социјална политика во општина Кривогаштани се отворени дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување и на Центарот за социјална работа.

„Во иднина ќе продолжиме да ги доближуваме институциите и услугите до жителите на оваа општина, но и да создаваме нови капацитети како што е оваа детска градинка“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 

Според градоначалникот Тони Заткоски, општината е благодарна нод успешната соработка со Министерството, градинкката што е веднаш до основното училиште „Манчу Матак“ е веќе исполнета.

„Во иднина планираме да отвориме детска градинка и во селото Обршани кое е едно од поголемите во општината“, изјави Заткоски.

Градинката располага со сите потребни услови, помагала и простории за престој на децата и за нивно воспитување. Дворот е уреден со забавни површини за што и родителите изразија задоволство. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }