Реакција на министерката Ташевска-Ременски на текстот под наслов „Ременски не присуствувала на над 50 владини седници” објавен на интернет порталот Курир и преземен од други портали

Почитувани, 

Во неможност да најдат оправдување за погрешните политики кои години наназад ги осиромашија граѓаните и ги иселија младите од Република Македонија, партискиот портал Курир продолжува со небулозните обвинувања без грам аргументи.

Во последниот обид за манипулација со јавноста, покажуваат елементарно непознавање на надлежностите на министерот и неговите права што можат да бидат пренесени на заменикот министер.

Покрај тоа што не знаеле да избројат колку седници одржала Владата на Република Македонија и комисиите, на колку присуствувала или не присуствувала министерката Ташевска-Ременски, тие не знаат дека, пополнувањето на кворум на седница на Владата на РМ не е вистинската грижа за потребата на граѓаните, туку согледување на проблемите на терен, помеѓу граѓаните.

Кога веќе го отвора порталот Курир ова прашање, нека се информира подобро, зошто заменикот министер за труд и социјална политика ги бојкотираше пренесените права на министерот да присуствува на седниците на Владата и на комисиите? Дали причината за тоа е потполната незаинтересираност на коалицискиот партнер во Владата за политиките во делот на социјалата, или пак причина за тоа е фактот што министерката не распиша јавна набавка за возило од 1.200.000,00 денари за заменикот министер, кои средства се искористија за реновирање на Домот за стари лица во Прилеп.

Кога Владата на полноќни седници ги поништуваше законски донесените решенија од министерката во два наврати со информација од неовластен предлагач, тогаш отсуствуваа покани за седници на Владата.

Зошто порталот не го праша аболицираниот генерален секретар на Владата на Република Македонија,  зошто до денес го попречува целосниот пристап до информации на член на Владата?

И на крајот, зошто партискиот портал Курир не се заинтересира зошто од јануари до денес, Владата не дискутирала за доставени информации/барања од министерката за клучни проблеми што навистина ги засегаат граѓаните - работата на Фондот за Пензиското и инвалидксото осигурување на Македонија (ПИОМ) за доцнење на придонесите на членовите на вториот столб, решевањето на просторот за Ромите под Кале, располагањето со возилата на АВРМ и др.

Затоа, наместо да подготвува приказани и сценарија за алиби на неодговорноста на владините функционери, порталот Курир нека се запраша дали нивните манипулации поминуваат кај граѓаните. 

Не поминуваат !

Со почит,

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }