Објавено на: 31.10.2023

Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:     

 ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:        

1. Филип Блажев од Кавадарци, со адреса на живеење на ул.Илинденска број 103, Кавадарци, како одговорно лице на правното лице ДПТУ ,,ЗОКА ЕНЕРЏИ СОЛУШН,, увоз-извоз Неготино, за предмет бр.19-5961/1-23, по прекршочно барање ИП1 бр.09-120 од 06.09.2023 година

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барање за поведување на прекршочна постапка.

Предупредување: Оваа соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика ќе се смета за уредно доставување, што е во согласност со член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. 

Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }