Објавено на: 25.10.2021 година

Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ


I. Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:


1. ДУПУ  БЕТА АВЕНИЈА ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул.,,20,, бр.78 Визбегово/Радишани, со ЕДБ 4038019514856 и  Феркан Бербери, со адреса на живеење на ул.,,Петар Манџуков,,  бр.161 Б, Скопје, за   решение бр.20-3211/6-21 од 19.07.2021 година;
2.ДПТУ КОЦЕВИ-ТТ ДООЕЛ, Струмица со седиште на ул.,,Гоце Делчев,, ББ, Струмица со ЕДБ 4027007152205  и Зоранчо Коцев, со адреса на живеење с. Сачево бр.37, Струмица, за решение бр.20-3283/5-21 од 19.07.2021 година
3. Антигона Николиќ, со адреса на живеење на ул.,,Аугуст Цесарец,, бр.3/2-2, Чаир, Скопје за решение  бр.19-2095/3-21 од 23.07.2021 година;
4. АЛФА АВЕНИЈА ДООЕЛ Скопје,  со седиште на ул.,,Јадранска Mагистрала,, бр.80-кат/2, Визбегово, Скопје, со ЕДБ4038019514767 и Мирјана Тасевска со адреса на живеење на ул.,,Локов,, бр.14/2-13, Скопје, за решение  бр.19-2270/3-21 од 23.07.2021 година.

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кои може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

II. Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ со прилог поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1.АЛФА АВЕНИЈА ДООЕЛ Скопје,  со седиште на ул.,,Јадранска Магистрала,, бр.80-кат/2, Визбегово, Скопје, со ЕДБ4038019514767, за предмет  бр.20-5526/21  по прекршочно барање ИП1 бр.0907-381 од 30.07.2021 година
2. ДТУП УРБАН БУРГЕР ДООЕЛ Скопје со седиште на ул.,,Франклин Рузвелт,,  бр.63-а Скопје со ЕДБ 4057012518230, за предмет бр.20-6011/21 по прекршочно барање  ИП1 бр.09-317 од 02.07.2021 година и ИП1 бр.09-247 од 02.07.2021 година
3. ,,ДОРА-МВ,, ДООЕЛ Скопје со седиште на ул.,,Жан Жорес,, бр.25-4, Гази Баба, Скопје со ЕДБ 4043019526718, за предмет бр.19-5437/1 по прекршочно барање  ИП1 09-467 од 27.07.2021 година

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да сепроизнесат во врска со фактите и доказите наведени во барање за поведување на прекршочна постапка.

Предупредување: Оваа соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика ќе се смета за уредно доставување, што е во согласност со член 56 став 6 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците. 

Согласно член 60 став 3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ќе го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.

Доколку горенаведените лица  во рок од 3 дена по приемот не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }