Ташевска-Ременски оствари заедничка средба со претседателите на УПОЗ и СИЕР
Министерката за труд и социјална пoлитика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски и претседателот на СИЕР, Пецо Ристески, на која што беше разговарано за активностите на синдикатите, неколкунеделниот штрајк на судската администрација, како и проблемите со коишто се соочуваат при функционирањето во рамки на Сојузот на сидникати на Македонија (ССМ).
“Се согласивме дека потребна е поголема ажурност на службите на Министерството во поглед на барањата за регистрации на синдикални организации и ослободување на синдикатот од манипулации и злоупотреби во политички цели. Правата на работниците коишто ги застапува УПОЗ и другите синдикати се наша заедничка обврска”, е заедничкиот став произлезен од средбата.