Социјална превенција

Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спечување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита.

Под социјален ризик се подразбираат:

  • ризици по здравјето(болест, повреда и инвалидност) 
  • ризици на старост и стареење
  • ризици на еднородителско семејство
  • ризици од невработеност, губење на приход за издржување по основа на работа и слично
  • ризици од сиромаштија и
  • ризици од друг вид на социјална исклученост.

За остварување на социјалната превенција, се преземаат мерки за спречување на настанување на социјален ризик за граѓанинот, семејството или група на население особено преку:

  • едукативно-советувалишна работа,
  • развивање на формите на самопомош,
  • волонтерска работа со лично ангажирање и 
  • примена на други методи кои соодветствуваат на потребите на корисниците на социјална заштита.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }