Шахпска: Како Министерство силно се залагаме за спас на секое работно место и поддршка на компаниите, вклучително и туризмот како најзагрозена гранка

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

На средбата се разговараше за сите предизвици со кои се соочи туризмот и угостителството во време на пандемија со КОВИД 19, поддршката од страна на Владата преку економските пакети за помош и поддршка на овие гранки кои беа први на удар на пандемијата и начините на справување, како и состојбата за нејзино времетраење.

„Туризмот и угостителството се гранките кои први го почуствуваа ударот од корона вирусот, со оглед на тоа дека веднаш беа затворени и најдиректно ја почуствуваа загубата како последица на пандемијата. Затоа и Владата силно се заложи во таа насока, помош и поддршка за овие гранки како најзагрозени преку пакети економски мерки кои значеа помош и поддршка и за компаниите, но и поддршка за работодавачите за спас на секое работно место“, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски беше посочена поддршката на Владата во правец на актуелизација на домашниот туризам и домашните производи како одлична мерка која ги оддржа туристичките капацитети во форма изминатата летна сезона, односно недостатокот на странски туристи беше надоместен со домашните.

На средбата се разговараше и за можноста за оживување на детските одморалишта во државава односно нивно повторно враќање во кондиција за сместување и екскурзии на деца и разгледување на можните опции за поголема искористеност на националните паркови во државава преку збогатување на понудата и активностите за туристите како планинарски тури, планински велосипедизам, зип лајнери, но и важноста на промоција на еко туризмот.

Министерката Шахпаска изрази подготвеност и поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во сите сегменти кои се во надлежност на Министерството.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }