Интеграција на Роми-III фаза

Преглед на проектот

Интеграција на Ромите –  Фаза III претставува заедничка програма на Европската унија (DG NEAR) и Советот на Европа. Истата има за цел да ги зајакне капацитетите на владите на земјите од Западен Балкан и Турција за ефикасно справување со сложените предизвици со коишто се соочува ромската заедница преку спроведување на сеопфатни јавни политики. Овие политики опфаќаат критични области како што се домувањето, вработувањето, граѓанската регистрација, како и зелената и дигиталната транзиција.

Проектот, исто така, ќе помогне во прогресивното спроведување во земјите кориснички од Западен Балкан на: „Стратешката рамка на ЕУ за еднаквост, инклузија и учество 2020–2030“; Декларацијата од 2019 година на партнерите од Западен Балка за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на Европската унија (Познањската декларација) и последователните обврски преземени од владите на годишните министерски состаноци и прифатени во рамки на Самитите на Берлинскиот процес; и напредокот во однос на исполнувањето на обврските за инклузија на Ромите произлезени од преговорите за Поглавје 23. 

Покрај тоа, проектот ќе ја осигура изградбата на потребните капацитети на централно ниво за соодветно спроведување, буџетирање, следење и известување, јакнење на соработката со локалните власти, како и прогресивно усогласување со сите елементи на политиката на Европската унија за вклучување на Ромите.

Проектот главно ќе се фокусира на следните три области на поддршка:

  • Интегрирање на ромското прашање во релевантните јавни политики и борбата против антициганизмот; 
  • Поддршка на социо-економската интеграција на Ромите и еднаквоста на Ромите во областите домување, образование, вработување, здравство, граѓанска регистрација и во зелената и дигиталната транзиција;
  • Јакнење на институционалните капацитети на владите за справување со предизвиците со коишто се соочуваат Ромите.

Специфичните резултати коишто треба да бидат постигнати преку овој проект се следните:

(1) Интегрирање на ромското прашање во релевантните јавни политики и борбата против антициганизмот: 

  • Антициганизмот се препознава и се решава преку законодавството, комуникациските алатки и институциите. 
  • Институционалните капацитети на јавните службеници се градат преку борбата со антициганизмот. 

(2) Социо-економско вклучување: 

  • Вработувањето на Ромите се поттикнува, како во јавниот, така и во приватниот сектор, вклучително преку пилотираните ветувачки практики и преку конкретни мерки за унапредување на формализацијата на вработувањето. 
  • Легализацијата на неформалните населби во земјите од Западен Балкан и Турција напредува и земјите се охрабруваат да ја вклучат во приоритетите на владите на централно ниво во тесна соработка со граѓанското општество.
  • Граѓанската регистрација за Ромите коишто имаат потреба е решена преку партнерство со владите, релевантните локални власти и организациите на граѓанското општество. 
  • Активностите се интегрирани во Акцискиот план за зелената агенда за Западен Балкан и во агендата за дигитална трансформација. 

(3) Институционални капацитети: 

  • Во регионот постојат политики и институционални договори за решавање на ромското прашање. 
  • Развиени се и соодветно функционираат релевантните механизми за следење, вклучително и во националните заводи за статистика, и релевантните механизми за известување.
  • Подобрен е буџетот за планирање и известување за Роми во земјите на Западен Балкан и Турција. 
  • Обезбедена е редовна регионална соработка и политиките се интегрирани во социо-економските сфери, вклучувајќи ги и регионалните високоприоритетни прашања и активности за решавање на специфичните предизвици на Ромите.

Проектот ќе се спроведува во седум земји кориснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Косово*, со времетраење од три години (1 мај 2023 година до 30 април 2023 година) и е кофинансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа, а спроведуван од страна на Тимот за Роми и Патувачи и Директоратот за координација на програми, Совет на Европа. 

Оваа иницијатива претставува продолжување на претходните две фази имплементирани од страна на Советот за регионална соработка, кофинансирани од страна на Европската унија и Фондациите Отворено општество. 

Целта на Третата фаза на проектот е понатамошно унапредување на интеграцијата и зајакнување на ромската заедница преку решавање на критичните прашања со коишто се соочува оваа заедница.

Проектот се заснова на начелата на Пристапот заснован на човековите права на Советот на Европа, фокусирајќи се на учество и вклучување, еднаквост и недискриминација, одговорност, транспарентност и пристап до информации. 

*Оваа ознака нема никаков ефект врз ставовите за статусот и е во согласност со Резолуција 1244/1999 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата на независност на Косово.

Повеќе информации на: https://www.coe.int/en/web/skopje/roma-integration-phase-iii

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }